Моментално главен проблем на Ултра ХД е што нема никакви содржини снимени со овој квалитет и второ што овие телевизори чинат колку два помали автомобили.
Во однос на квалитет Ултра ХД телевизорите (4K е за 4.000 пиксели) ќе имаат четири пати подобар квалитет на слика и два пати подобра резолуција отколку сегашните Фул ХД телевизори (1080p).
Карактеристично за овие телевизори е и тоа што се огромни, некаде во рангот меѓу 50 и 120 инчи, а тоа е затоа што генерално е глупо да ставиш резолуција од 3840 x 2160 на помал екран.
Пред годинешниот CES (Consumer Electronics Show) цените на овие телевизори се движеа околу 20.000 долари. Иако се очекува дека тие сериозно ќе се намалат, сепак не би требало да очекувате дека цената ќе им падне под неколку илјади долари (барем на моделите што треба да ги купите).
Што се однесува до содржините со 4К, Нетфликс најави дека новата сезона на Куќа од карти, ќе биде целосно во 4К квалитет. Според Нетфликс за овие содржини ќе биде потребен стрим од 15 мегабити.