Вести

Почина најстариот американски затвореник

На 101 година, од старост, почина човекот со најголем затворенички стаж во американската историја. Последен пат побарал да му биде простена доживотната казна кога имал 95 години. А доживотната казна затвор ја дочекал со олеснување, бидејќи претходно во многу наврати му викале дека јаде за последен пат.   

Фатете се за пенкало

Норвешка студија од областа на невронауката утврди, поточно потврди, дека рачното пишување создава значително побогата и пософистицирана поврзаност во мозокот во споредба со чукањето на тастатура. Тоа може да има директни придобивки за учењето и меморијата. Со други зборови, рачното пишување го буди мозокот. Сепак, некогаш за тоа е доцна.

Мрсните функционери на мрсниот Доналд Трамп

Обама во својата администрација имал само три члена кои имале над 100 милиони долари. Џо Бајден имал петмина такви. Доналд Трамп ги има преку десетпати повеќе. Осуммина од нив имаат преку милијарда долари. Наивни ќе помислат дека таквите луѓе сега имаат доволно па ќе ѝ служат на државата. Да им беше на таквите нешто доволно, немаше ни да стигнат до тие цифри.  

Речник

Нашата планета станува сè потемна

Насловот не е некој метафоричен, поетски опис за очајната состојба на човештвото, моралот или нивото на македонските реклами на Инстаграм. Зборуваме за вистинска мерлива темнина што се шири низ површината на Земјата. Напредокот во животната средина буквално има неочекувана темна страна.

Во Австралија се размислува за поевтинување на цигарите

Досегашните долгогодишни мерки против цигарите и пушењето успеаја драстично да го намалат процентот на пушачи во Австралија. Но, остана едно жилаво малцинство кое се покажа имуно на сите мерки на државата а задоволувањето на нивната потреба за никотин создаде голем и понекогаш опасен црн пазар. Бидејќи попаметниот попушта, некои во Австралија сега бараат цигарите да поевтинат.

Науката НЕ е консензус

Уледниот Британскиот медицински журнал е критикуван за нарушување на научниот интегритет откако повлече труд во кој се сугерираше дека вакцините против ковид можеби се виновни за некои прекумерни смртни случаи за време на пандемијата. Го повлекле трудот иако немало ништо спорно во него, ама не го одразувал „научниот консензус“. А на времето, консензус имаше и дека Сонцето се врти околу Земјата.

Амазон има 5.000 луѓе што работат само на Алекса

Ова не се луѓе седнати во масовен хангар па склопуваат и пакуваат уреди на Амазон, туку екипата која работи на развивање на виртуелниот асистент Алекса (Сири на Амазон).

Најдобриот Ајфон што не треба да го купиш

Консензусот околу Осмицата сведен на еден твит, гласи: Ајфон 10 всушност е Ајфон 8. Осмицата постои само за да ја оправда цената од 1.000 долари за 10-ката. Дрво едно, купи репариран Ајфон 6-за за 200 долари.

Зошто Германците не сакаат економија слична на американската?

На неодамна одржаните избори во Германија од мртвите се врати една партија, чиј харизматичен лидер изгледа и се однесува како американски бизнисмен. Неговата платформа ги поттикнува сограѓаните да станат (дигитални) претприемачи и да се фокусираат на личното богатење. Зошто ваквиот техно-либерализам не поминува масовно кај германските гласачи?

Што се уште не можат да прават жените во Саудиска Арабија?

Во вторникот Саудиска Арабија со кралски декрет ја укина забраната за жени да возат автомобил, нешто кое во 2017 е неизмерно заостанато за цел свет а е неизмерно напредно за Саудијците.

Елон Маск претстави ракетен превоз на Земјата

Научнофантастичното ветување на Маск е дека ќе можеш да стигнеш каде било на планетава за пократко од 1 час, и тоа со ракета.

Па ако не, да не даваме пари за реклами?

Терајќи по веќе утврдената што е постаро Русинот или заверата, во најновата епизода изненадени и навредени Американци драмата се одвива околу тоа што рускиот РТ се рекламирал Твитер.

Французинот што стана џихадист

Пишувајќи за француската владина програма за искоренување на тероризмот преку образование на ризични групи млади луѓе на тема историја, филозофија, литература и религија, новинарката на Атлантик ја раскажува приказната за родениот Французин кој стана дел од ал-Каеда.

Издишува европската социјалдемократија

Европската социјалдемократија се наоѓа во голема, историска криза, најмногу затоа што престана да биде тоа на што се издигна - заштитничка на работно зависното население кое се потешко ги поднесува негативните последици на глобализацијата, пишува Златко Црнчец во колумната за Нови лист.

Црногорско министерство за здравство и 9GAG

Како што уште од времето знаеме дека секоја болница која држи до себе треба да биде накитена со постери со едукативни медицински совети, така и Домот на здравје во Подгорица меѓу другото има постер со над 20 илустрации за грижа за бебиња. Злонамерници ќе забележат дека постерот изгледа како да е од 9GAG, ама тоа не значи дека е погрешен.

Како Хју Хефнер стана американска поп икона?

За конзервативците беше расипувач на смерната американска младина. За феминистките беше шовинист. За многумина беше борец за човекови права, особено за сексуалните. Хју Хефнер се одјави на 91, задоволен од постигнатото. 

Швајцарско рециклирање домашни миленичиња

Добра вест: зоолошката во Цирих ги прифаќа домашните миленици што повеќе не се посакувани од нивните сопственици. Лошата вест доаѓа еднаш на 2 месеци.

Луѓето кои живеат на работа

Ова сме го планирале, не затоа што не ни се седи дома, туку затоа што ни е убаво на работа. Не мора да брзаш дома за да не ти мрчат што заглавуваш, на време си јадеш (ако си на хроно), а креветот и канцелариската маса ти се во соседни соби. Па има ли подобро?

Како крајната десница победи во Германија

Технички Меркел го освои 4-от мандат како Канцеларка, ама она што ја потресе тамошната јавност е што крајно десната Алтернатива за Германија стана третата по бројност партија во Бундестагот и прва крајно-десна партија што влегла во германскиот парламент од 1950-те.

Како да ги натераш Епл, Гугл и Амазон поштено да плаќаат данок

Проблемот е европски (барем според притисокот врз политичарите и гневот на јавноста), решението е американско и одамна функционира преку Атлантикот.

Аргументи за забранување машки велосипеди

Луѓе што се разбираат во велосипеди и во безбедност, познати како холандски експерти за безбедност во сообраќај, тврдат дека машките велосипеди се поопасни отколку женските заради што под итно мора да се укине попречната шипка меѓу седиштето и рачките.

Да смениш пол не е исто како да смениш патец

Трансродовите тинејџери понекогаш решаваат да го променат полот. Понекогаш и повеќе од еднаш. Проблемот е во тоа што полот не е фризура па спонтано да се врати во првобитната состојба. Во такви ситуации, да се најде некој зрел во близина и не е така лоша работа.

За чиста Кина и црна Африка

Ништо националистички и расистички, туку пиар пред светот и бизнис, па додека Кина се брендира како центар за чиста обновлива енергија, целото свое производство на јаглен го преселија во Африка.

Балканскиот карактер на Мијанмар и Рохинџите

Занимливо е да се мозга како еден замислен просечен Македонец ќе ја прочита (доживее) приказната за Мијанмар и Рохинџите. Дали во Рохинџите ќе ги види македонските Албанци (заради нивниот муслиманскиот сепаратизам) или пак нивната ситуација повеќе ќе му асоцира на Македонците во Грција (заради обесправеноста и проблемот со името). Меѓу нас кажано, оваа енигма се потпира на една луда идеја: дека просечниот Македонец воопшто ќе прочита за што се работи.

Твитер потврди дека никогаш нема да го блокира Трамп

Дали затоа што во секој момент може да твитне нешто што ќе заврши со смрт на десетици илјади луѓе, дали затоа што редовно игра по живци на јавноста со гранично расистички твитови или затоа што народ не сака да си легнува во паника од тоа што ќе твитне американскиот претседател во 4 и 20 сабајле, очекувањата на јавноста се дека Твитер ќе ја блокира и затвори сметката на Трамп. Е па, нема.

Не бива диета без лажење

Вградувањето редовни "паузи" во твојата диета може да ти помогне да ослабеш повеќе и подолго да ја задржиш новата тежина отколку ако се обидуваш да тераш непрекината и поштена повеќемесечна диета, гласи најдобрата препорака што човек на диета би сакал да ја чуе и доаѓа од австралискиот Универзитет на Тасманија.

Англија останува без келнери

Државјани на ЕУ, особено оние од централна и источна Европа масовно ја напуштаат Велика Британија заради очекуваните компликациии околу  нивните работни места кои ги носи брегзит. А газди на ресторани а островот велат дека не можат да замислат Британец кој ќе стане од кревет и ќе оди некаде да мие чаши.

Морган Фримен и бескорисната непрофитна организација

Со постава од препознатливи ликови но освен тоа чисто бескорисен, Комитетот за истражување на Русија речиси и да нема цел, пишува Хана Гаис во Аутлјан за новиот ангажман на Морган Фримен како заштитно лице за неодамна формираната „непартиска, непрофитна“ организација во чие име актерот објави дека Америка е нападната од Русија (наводното хакирање избори) и „ние сме во војна“.

Четирите тактики на германската "мајка"

Како што германските медиуми го срочија, минатата деценија и нешто беше "Меркел ваму, Меркел онаму, Меркел секаде". На изборите што ќе се одржат викендов, оваа пракса се очекува да биде продолжена барем уште еден мандат.

Голема иронија како мала утеха

Белиот супрематист кој пред две години уби 9-мина невини верници во црква рече дека воопшто не се кае за масакрот. Но затоа не му падна сеедно кога дозна какви адвокати треба по службена должност да ја обжалат неговата смртна казна.