Твитер потврди дека никогаш нема да го блокира Трамп

Дали затоа што во секој момент може да твитне нешто што ќе заврши со смрт на десетици илјади луѓе, дали затоа што редовно игра по живци на јавноста со гранично расистички твитови или затоа што народ не сака да си легнува во паника од тоа што ќе твитне американскиот претседател во 4 и 20 сабајле, очекувањата на јавноста се дека Твитер ќе ја блокира и затвори сметката на Трамп. Е па, нема.

Твитер преку сметка за јавна политика (Twitter Public Policy @Policy) ја објави својата позиција околу твитовите на Трамп и во основа потврди дека никогаш нема да го забрани. Како што пишува АВ клуб „од причина: добар е за бизнис“.

„Ок, Твитер не го изјави буквално тоа, ама беше сериозно имплицирано. Во нивната изјава се објаснува дека твитовите на Трамп ’имаат новинска вредност’, а Твитер тврди дека му дозволуваат да остане на нивната платформа затоа што помага луѓето ’да бидат информирани околу тоа што се случува во светот.’

Ваквото оправдување помага Твитер да се ослободи од каква било одговорност за она што го прави Трамп, и ја спасува компанијата да не мора да преземе каква било конкретна позиција околу што било што тој може да направи или каже,“ пишува Сам Барсанти во текстот за АВ Клуб.

Во соопштението во 6 пораки, Твитер пишува:

Некои од вас прашуваа зошто го немаме тргнато твитот наведен во овој текст: http://www.npr.org/sections/thetwo-way/2017/09/25/553475174/declaration…

За сите сметки важат истите правила, и ние земаме предвид голем број фактори кога проценуваме дали некои твитови ги прекршуваат нашите правила.

Меѓу она што се зема предвид е „новинската вредност“ и дали твитот е од јавен интерес.

Ова долго време беше наша внатрешна политика и наскоро ќе ги надополниме нашите јавни правила за да го отсликуваат тоа. Ние треба да се поправиме околу ова и ќе го направиме тоа.

Твитер е посветен на транспарентност и информирање на луѓето што се случува во светот.

Ќе продолжиме и понатаму да бидеме водени од овие принципи.

 

 

26 септември 2017 - 10:50