Првите луѓе на Твитер за време на сведочењето пред американскиот Конгрес објавија дека РТ платиле 274.100 долари за рекламирање на социјалниот медиум и промоција на 1.823 твитови таргетирани на американскиот пазар.
Инстантно обвинувањата од американските медиуми беа дека ова е дел од руското мешање во внатрешните работи на САД. Одговорот на главната уредничка на РТ, Маргарита Симонјан, беше дека ова е стандардна пракса на телевизијата.
"Твитер откри некои монструозни информации пред Конгресот: дека трошиме пари на нашите маркетинг кампањи. Исто како што прават сите медиумски организации во светот.
Сега мораме да отидеме дури подалеку и искрено да признаеме: трошиме пари и на реклами на аеродроми, таксија, билборди, интернет, ТВ и радио. Нашите реклами дури одат и на Си-ен-ен.
Некако не ни текнало дека, во развиена демократија, редовно рекламирање на медиуми може да излезе да биде сомнителна и штетна активност," изјавила Симонјан.