Елон Маск претстави ракетен превоз на Земјата

Научнофантастичното ветување на Маск е дека ќе можеш да стигнеш каде било на планетава за пократко од 1 час, и тоа со ракета.

Летањето со ракета низ Земјата е нуспроизвод на Спејсикс проектот на Маск за патување на Месечината и на Марс и ќе го користи истиот ракетен систем предвиден за освојување на вселената.

Цената на ракетните летови ќе биде отприлика исто колку и авионска карта од економска класа за истата дестинација.

Планот е да се употреби мега-ракетата БФР (Big Fucking Rocket) за носење на масовниот вселенски брод во орбитата на Земјата, кој од таму треба да слета на една од пловечките точки за приземјување кои ќе бидат во близина на големите градови. Откако ќе го однесе вселенскиот брод во орбитата БФР се враќа назад на почетната позиција.

За сега целата работа е само на теорија, а Маск најави дека очекува изградбата на ракетата да почне во следните шест до девет месеци.

Со ракетите летот од Лондон до Дубаи би траел 29 минути, наместо сегашните 7 часа, а Њујорк - Шангај 39 минути. Максималната брзина на ракетите ќе биде речиси 29000 километри на час. (Максималната брзина на Конкорд му беше 2200 км/ч.)

Како Маск го замислува сето ова:

 

29 септември 2017 - 14:52