Во целото префрлање на обновлива енергија Кина треба да ги земеме предвид и индустриите и работните места што се базираат на децениското искористување на јаглен. Во објавата дека се префрла на обновлива енергија, кинеските власти најавија и дека се прекинуваат проектите за изградба на 100 електрани на јаглен во земјата.
Неколку африкански држави прифатија кинески субвенции за развој во кои се помага изградбата на електрани на јаглен. Електричната енергија добиена од фосилни горива (јаглен / мазут) се смета за најголем единечен виновник за глобалниот раст на штетни издувни гасови.
Кинезите веќе градат или се на пат да почнат да градат електрани на јаглен во Мозамбик, Египет, Мароко, Кенија, Зимбабве, Танзанија и Малави.
Така Кенија која својот брег го има заштитено како национално богатство, ќе дозволи Аму коал - кениско - кинески конзорциум од енергетски и инвестициски компании - да почне да гради електрана "на единствениот дел кој не е допрен од индустријализација".
"Освен неповолните економски и финансиски аспекти за создавање струја од јаглен, електраната може да биде и најголемиот извор на загадување на Кенија," пишува Дејвид Обура во Кварц.
Противењето на проектот, кој за два пати ќе ги зголеми штетните гасови произведени од енергетскиот сектор на земјата, е по три клучни основи. Првата е глобална и се однесува на утврдената штетност на произведување електрична енергија од јаглен, а тоа е дека "јагленот ослободува бројни токсични состојки во околината, кои одат во атмосферата, дождот, копнените води и морињата" па од таму во флора, фауна и луѓе. Дополнителен амандман на ова е што јагленот за централата на почеток ќе треба да се носи од Јужна Африка.
Второ, новиот капацитет никако нема да помогне во остварување на помалото загадување што Кенија го вети со потпишување на Климатскиот договор од Париз, според кој до 2030 треба да ги намали издувните гасови за 30%. Трето, проблемот е што отпадот од работата на централата ќе се чува на еден од најниските делови од кениското крајбрежје. За него ќе биде изградена база на 2-3 метри над морското ниво на 10 до 100 метри од морето. Притоа треба да се има предвид дека ова е дел од брегот на кој постојано има плима и осека која навлегува длабоко на брегот.