„Агресивниот, бомбастичен патриотизам прикажан од Фримен во клипот може да изгледа алармантно, меѓутоа откако ќе ѕирнеш зад превезот на КИР, тоа повеќе не е шокира,“ објаснува Гаис.
КИР е предводен од Морган Фримен, режисерот и глумец Роб Рајнер и уредникот на Атлантик Дејвид Фрум. Во советодавниот комитет на КИР се „желниот за војна нео-конзервативец“ Макс Бут од Советот за надворешни работи (чија нова книга „ветува дека ќе ја постави Виетнамската војна во нова рамка“), политикологот Норм Орнстајн, и поранешниот директор за Национална безбедност Џејмс Клапер.
„Исто така останува нејасно кој ја финансира целата работа. Во многу погледи ова е резултат на нашите времиња преполни со страв: избрзан и нерационален, а сепак полн со реторика од Студената војна адаптирана на пост-комунистичка Русија, и создадено од луѓе со длабоки џебови и јасни агенди,“ пишува Гаис.
Рејнер, кој претходно е познат како режисер на „Ова е Спајнал Тап,“ „Принцезата невеста,“ и „Бакет листа“, ветува дека КИР е местото на кое луѓето можат „ да дојдат и да се освестат околу намерите на Русија“ и на кое ќе се држи редовно обновувана база на различни конгресни истраги во врска со земјата, и нуди „малку повеќе отколку истото уморно и хипер-поедноставено покривање на руската политика кое стана столб на наративот на меинстрим медиумите кога е во прашање нејзиното мешање во изборите.“
Почетокот на работата на КИР беше дочекано на волеј од осуда и потсмев, и во САД и вон земјата. И американски и странски новинари забележаа дека сајтот на организацијата е прилично лабав околу фактите, па меѓу другото дека на КИР не му пречи и тоа што има погрешна фотографија од Валериј Герасимов, командантот на генерал штабот на руските вооружени сили, за кого инаку тврди дека ги поставил темелите на руското сајбер мешање во туѓа политика.
Во Русија обраќањето на Фримен резултираше со поплава од мемиња и слични исмевања по социјалните мрежи. Дури и портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков за време на прес-конференција се запрашува Фримен да не имал проблеми со „емоционален стрес“, при што ја опишува кампањата како „продолжение на Меккартизмот“ (паника од времето на Студената војна за опасностите од комунизмот).
„Изгледа дека деталите и комплексностите немаат некое значење за КИР, и дека руската историја по 1991 е прилично линеарна. Претседателот Владимир Путин отсекогаш бил на пат да стане првиот олигарх на Русија и дека тој уште од првите години во КГБ работи како да напредува низ рускиот политички систем со цел подобро да ги поткопа САД. А затоа што моќта на Путин врз Америка е ограничена, Русите, како што Фрум изјавува за Си-ен-ен, прибегнаа кон 'џудо' - односно, сакаат да ја свртат Америка против самата себе.
Она што е најимпресивно околу појавувањето на КИР, како што иронично забележа Кевин Ротрок во Медуза, е како организацијата успеа 'да ја претвори легитимната истрага на американските власти за руското мешање во изборите во предмет на исмејување.' Ваквата способност на КИР уште повеќе запрепастува ако се има предвид дека во истата недела имаше не една, туку три, детални репортажи за истрагата од страна на поранешниот директор на ФБИ, Боб Милер...
... Ваквите непрофитни како КИР, полни со славни личности но инаку бескорисни, кои водат политички набиени шеми не се некоја аномалија. Всушност, приемот на КИР во јавноста е копија на уште една масовно исмевана меѓународно-насочена непрофитна: Невидливи деца, американската непрофитна која требаше да крене свесност за герилскиот лидер од Уганда, Џозеф Кони. Основана во 2004, таа влезе во јавната свест по нејзиниот краток документарец Кони 2012 и Стоп Кони инцијативата. Додека безумните експерти и добронамерните сајтовите желни за кликбејт се ставија зад ова движење, експертите му се сипаа на документарецот со критики за тоа што го споредува Кони со Осама бин Ладен и Адолф Хитлер, како и за агресивно консумеристичкиот пристап кон активизмот.
Слично како Невидливите деца, огласот со емоционален набој на КИР е изработен од експерти и поддржан од Холивуд без никаква вистинска регионална поддршка - како што приметува Бершидски во Блумберг, 'веројатно најзабележлива карактеирстика е тоа што во организацијата не е вклучен ниту еден експерт за Русија'. И покрај тоа што ветува дека ќе биде одговорен за откривање факти за новиот тип информативна војна што ја води Русија, КИР ја отфрла нијансираноста и прибегнува кон проста интервенционистичка реторика со цел да ја протурка сопствената бесмислена надворешно-политичка агенда," порачува Гаис.