Ултра-конзервативното муслиманско кралство е познато по својот репресивен систем во кој бројни сегменти од животот на жените се под директна контрола на нивните машки роднини.
Саудиска Арабија моментално е на 141-то од 144 места на листата на еднаквост меѓу мажите и жените.
На листата работи за кои Саудијките и понатму имаат рестрикции, се:
- Брак и развод
Жена мора да добие дозвола од машки старател за да се омажи или да се разведе. Обично улогата на старател ја има таткото се додека таа не се омажи, а потоа задачата паѓа на сопругот. Во отсуство на овие два ликови задачата му е доделена на друг машки роднина.
- Пристап до здравство
Во зависност од болницата, а речиси задолжително кај државните болници, жена мора да добие дозвола од машкиот старател пред да прави операција. Некои болници ја бараат оваа дозвола и општо за примање на жена пациент.
- Работа за одредени компании и отворање бизнис
Дури последниве години беа отстранети формалните забрани за вработување жени со цел да се зголеми нивното учество во работната сила на земјата. Моментално речиси 16% вработените во Саудиска Арабија се жени.
И покрај ова дел од работодавците и понатаму бараат жената прво да добие дозвола за вработување од старателот. За отворање сопствен бизнис од нив се бара да приложат препораки од маж пред да им биде одобрен кредит или лиценца.
- Облекување по сопствена желба
На јавни простори каде што би можеле да имаат интеракција со маж, жените задолжително мораат да носат абаја - широка наметка од вратот до глуждовите. Абајата не е задолжителна во јавните простори наменети за жени.
- Сведочење во суд
На жените им е дозволено да сведочат меѓутоа нивното сведочење вреди само половина од сведочењето на маж и е еднакво на сведочење на малолетник.
- Добивање старателство на децата по развод
Крајно тешко по развод жена да ги добие децата доколку синот е над 7 години, а ќерката над 9.
- Наследување еднакво богатство
Заради шеријатските закони за наследување ќерката добива само половина од она што синот може да го наследи.
- Мешање со мажи во јавни простори
Жените стандардно се одделени од мажите во голем број области од јавниот живот, вклучувајќи ресторани и канцеларии.