Швајцарците имаат опција сите зајаци, морски прасиња, птици и глувци што ги чувале и од најразлични причини повеќе не ги сакаат во своја близина да ги "донираат" во зоолошката.
Тука некаде и завршува "слаткиот" дел од праксата.
Директорот на зоолошката, Алекс Рубел, открива дека имаат (легална) програма за убивање на донираните миленици кои потоа им се даваат како храна на големите крволочни животни во зоолошката, на пример тигри.
Според Рубел ова се случува околу 6 пати годишно, а миленичињата се убиваат од ветеринар. Малку поголемите миленици како морски прасиња и зајаци се даваат на тигрите, лавовите и снежните леопарди. Помалите, како глувци, им се даваат на бувовите.
Зоолошката не прифаќа донации на кучиња и слични животни.
Со цел да им се обезбеди автентична атмосфера на крволочните животни, милениците не се служат сечени или готвени, туку цели им се даваат како оброк.
Слично се случува и во зоолошката во Берн, каде според тамошните вработени се оставаат меѓу 1 и 5 миленичиња неделно.
Други швајцарски зоолошки не прифаќаат ваква понада бидејќи не го знаат здравствениот статус на миленикот што им е донесен.