Вработените во сафари паркот „Двор Кралове“ и во зоолошката во Брно организираат дневни онлајн средби за нивните шимпанза, за да им го олеснат карантинот и да го надоместат недостатокот од посетители.
Се викал Сајрус „Сај“ Де Врај, имал импресивни мустаќи и џебен часовник на кој имало закачено заб од тигар. Кога се вработил во зоолошката во Чикаго, таа била руина. Но благодарејќи на неговите залагања, таа станала институција налик на современите зоолошки. Тоа што бил ексцентрик само помогнало во нејзината популарност.
Вчера, 15. мај, во Осло е отворена човечка зоолошка. Онаква каква што на истиот ден, сто години претходно, отворил норвешкиот крал, а ја посетиле 1.5 милиони жители на тогашна Норвешка. Нивните потомци никогаш не чуле за ваквиот настан.