Вести

Хју Хефнер со години џабе го кажувал Епстин на ФБИ

Основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер, во неколку наврати го известувал ФБИ за Џефри Епстин и пријавувал дека една од убавиците од неговиот магазин бил сексуално злоупотребувана и тргувана од страна на контроверзно починатиот финансиер. Федералното истражно биро успеало да ги игнорира ваквите предупредувања на Хефнер за Епстин цели 15 години. 

Економисти математички докажаа:

Вештачката интелигенција ќе ја уништи економијата

Во трудот „Стапицата на отпуштањата заради вештачката ибнтелигенција“, двајца американски истражувачи математички моделираа како брзата автоматизација со помош на вештачката интелигенција води кон кон економски колапс. Секоја компанија со најрационални мотиви ќе влезе во ВИ трката зашто ако таа не влезе, другите ќе влезат и ќе ја уништат. Но кога сите ќе се фатат за тоа оро - проблем.

Премостување на сообраќајниот хаос

Сообраќајниот хаос во пренаселените индиски градови се чини нерешлив проблем. Улиците не можат да се прошируваат а да не настане хаос, да се копа метро е бавно, скапо и дополнително ќе ја влоши ситуацијата додека „работите се во тек“. Им текнало да го решат проблемот како што отприлика го решава Спајдермен.   

Речник

Во Швајцарија ти се извинуваат ако поради пенисот помислат дека си маж

Во зона за капење ексклузивно наменета за жени нудистки, пред некој месец им се натопорил угол гол маж со брада, маљави гради и соодветен машки алат меѓу нозете. Викал дека има право таму да ги клати своите слободни тестиси бидејќи се идентификува како жена. И навистина го имал променето полот, што во Швајцарија е прелесно. Подоцна му се извинувале од градот.  

За смртта на професорот кого Кембриџ нејќеше да го провери

Џејсон Ардеј, најмладиот црн професор во Кембриџ, беше пронајден мртов само неколку дена откако поднесе оставка на престижната позиција среде жестоката кампања и сомневања за академски плагијат и фотошопирање на биографијата. Кембриџ упорно ги игнорирал предупредувањата и сега ќе трпи штета. Но уште поголема штета ќе има кај оние на кои животот на Ардеј им даде лажни надежи за можни чуда со тежок аутизам. 

Пола милијарда долари за нула гранати

Американските даночни обврзници му дале на „Џенерал Дајнамикс“ 533 милиони долари за нова фабрика која требало да произведува гранати за Украина. Роботите се палеле, работниците седеле без да прават ништо. Објектот извадил точно нула употребливи гранати. Откако производните линии биле затворени, истата единица на „Џенерал Дајнамикс“ добила уште 2,5 милијарди долари во договори. 

Како на странска новинарка ѝ се видел прес на Трамп?

Како на редовен консумент на вести, една австралиска новинарка мислела дека ѝ се познати сите ексцентричности и стилски лудории на актуелниот американски претседател. Се нашла во САД и решила да види како изгледа една негова прес-конференција. После тоа, не знаела од каде да почне.

Ричард Сталман и падот на изгубениот генијалец

Контроверзниот пионер на слободен софтвер си даде оставка во МИТ по неговите коментари за Џефри Епстин и Маврин Мински. И Сталман нема да биде последниот.

Американските птици се испотаманети

На северноамериканското небо денес има три милијарди птици помалку отколку во 1970 година. Парадоксално, најдобро минуваат оние птици кои се цел на ловци.

Зеленото уште е сомнително

Доколку некоја компанија реши да вложи во еколошки одржливи репшенија, логично е да се помисли дека таа тоа ќе го разгласи на сите ПР ѕвона. А се случува нешто обратно: стануваат зелени и молчат за тоа.

Студија го потврди слоганот „ти не си ти кога си гладен“

На човек најпаметно му е на празен стомак да не носи никаква одлука, освен онаа што да јаде. Во другите случаи покажува глупоќа, таканаречен „глупост на празниот стомак синдром“, кој се состои од тоа што се задоволуваш со помали награди, само ако ги добиеш брзо.

Ќе се чудите после од каде пак пиратерија

ХБО Макс даде 1 милијарда долари за „Big bang theory“, Нетфликс годишно располага со по неколку македонски буџети што ги троши на содржини, слично е и со Амазон Прајм, а ништо послаби нема да бидат ни Дизни+ или Епл ТВ+. Единствена причина за ваквото баснословно трошење е ексклузивното поседување на содржините. Токму тоа е и проблемот.

Малку инфо за двете земји кои може да се спукаат

Иран и Саудиска Арабија сериозно се нејќат, и тоа одамна. Зошто е тоа така, кон што може да води последното искричење меѓу нив и колку и какви чипови двете држави имаат да вложат во тој блискоисточен покер?

На Џордан Питерсон му се случува „Ругање со Христос“

Никој не е пророк во своето село и тоа му се случува на денес веројатно најпознатиот Канаѓанин на светот, Џордан Питерсон. Кино по кино, дали арт или меинстрим, одбиваат да прикажат еден филм за него, или пак ги откажуваат веќе закажаните проекции. Главно, на невидено.

Страв на денот: фризурата на Иванка Трамп

Жената деновиве се потшишала, малку пократко од стандардно, на должина која се доживува како шаблон за „жена во американска политика“, и тука стравовите почнуваат да крчкаат.

Епл до ЕУ: Дал сте вие нормални?

Не баш со тие зборови, туку со нивната корпоративна верзија „ова е спротивно на реалноста и здравиот разум“, а се однесува на фактурата за данок што ЕУ му ја испорача на Епл во вредност од 13 милијарди евра.

И Луксембург нервно попушти од брегзит

Каков прес на премиерот на Луксембург! После средбата со Борис Џонсон, двајцата требаше да одржат заедничка конференција за новинари, но откако Џонсон беше исвиркан, бушавиот реши да кидне од таму. Тоа не го спречи Ксавијар Бетел (инаку, по мајка потомок на Сергеј Рахмањинов) да застане зад микрофонот и да им каже на Британците што мисли за нивното бекрајно натегање околу брегзит. Мало, мало, ама луксембуржанче.

Се отвори клаудот на Еквадор

Од еден небезбеден клауд сервер во Еквадор протекоа информации за граѓаните, фрапантни и по обемот лични информации кои протекоа за еден човек и по тоа на колку луѓе им се обелоденија податоците. На сите.

Путин се понуди да и помогне на Саудиска Арабија, со С-400

На Саудијците дронови им уништија една од клучните нафтени постројки на земјата, а според Путин тоа никогаш не би се случило доколку располагаа со С-400 одбранбениот систем.

Само еден ревизор до сега заработи над 1 милијарда евра од брегзит

Секој од партнерите на Прајсвотерхаускуперс годинава ќе добие над 800.000 евра, откако компанијата собра над 1 милијарда од консултантски услуги за британските компании извадени од памет од неизвесноста околу брегзит.

Онтарио успеа да направи минус од 42 милиони долари од продажбата на марихуана

Канаѓаните легализираа продажба на марихуана и тоа требаше меѓу другото да помогне во закрепнување на „кутрите“ буџети. Во случајот со Онтарио целата работа тргна во друг правец и проблемите со пари само метастазираа.

Ричард Сталман даде оставка на сè откако проба да го брани Епстин

Неколку дена по обидот да биде можеби единствениот што ќе проба да ги одбрани Епстин и другарите, Ричард Сталман поднесе оставка на позицијата професор во МИТ и претседател на Фондацијата слободен софтвер.

Дали војните нè приближуваат или оддалечуваат од Бога?

Прастаро е тоа прашање, дали ужасите на војната нè тераат кон фаталистичкото „само Господ може да нè спаси“ или пак воените зла и неправди го зголемуваат сомнежот дека некој од горе води сметка за сè. Прашањето било тестирано на илјадници напатени луѓе, во две студии.

Ќе ги ладиме ли зградите без струја

Нов и релативно надежен систем за тн пасивно ладење, наменет за густо изградени урбани средини ветува дека ги лади зградите без никакво трошење електрична енергија. Малку како оние сребрени штитници за на шофершајбна, само нешто попаметно дизајнирано.

Камерон цел брегзит му го натовари на грб на Борис Џонсон

Во интервју што како едвај да го чекаше, поранешниот британски премиер, и човекот кој го организираше референдумот за брегзит, меѓу другото порача дека уште еден референдум за брегзит е возможен, и дека крив за сè е сегашниот британски премиер.

Трамп знае како да почне муабет (или војна)

Цела просторија нагло замолчува кога Трамп извикува „па, каде е мојот омилен диктатор“ барајќи го египетскиот претседател, Абдел Фатах Ал Сиси, со кого треба да има состанок.

Во пензија да се оди на 75 години

Британските Ториевци имаат план да ја покачат старосната граница за одење во пензија, од сегашните 67 на дури 75 години. Тоа го предлага тинк-тенкот на Јан Данкан, омилениот тинк-тенк на Борис Џонсон. 

Британските служби ловат неподобни муслимани на совети за тинејџери

Веб-страна која се води како „муслиманска он-лајн платформа за животен стил“ излезе дека тајно е финансирана од британското министерство за внатрешни работи. Тие знаат зошто.

Аматер ги изрезили НАСА и другите професионалци

Во целата историја на посветено и професионално зјапање во небото, досега беше забележан само еден објект кој ни доаѓаше од надвор од нашиот Сончев систем. Сега е детектиран и вториот, од страна на аматер астроном од Крим.

Ако се случи да паднам од прозорец, да знаете дека некој ме бутнал

„Permanent Record“ е насловот на автобиографијата на најпознатиот свиркач на светот, Едвард Сноуден чие излегување е најавено за 17-ти септември. За својата земја тој е државен непријател кој живее во егзил во Москва. Сноуден нема намера да ги брани Русите ама многу знае за тоа што прават Американците.