Саудиска Арабија и Иран се два моќни соседа (за разлика од Македонија и Албанија кои се два немоќни соседа) кои со децении се вклештени во меѓусебна борба за регионална доминација.
Главниот јаз лежи во тоа што седат на две различни гранки на исламот - Иран се доминантно Шиити, СА претежно сунитски муслимани. Првите ги гледаат вторите со извесна надменост, како пештерски луѓе кои до вчера имаа секс со камили додека тие граделе цивилизации и империи. Само што, кај вториве после се најде нафта па им тргна.
Религиозната шизма се оцртува и на пошироката мапа на Блискиот исток а миксот на Шиити/Сунити во една земја одредува кон која регионална сила таа инклинира. Саудиска Арабија историски е монархија и родно место на исламот која себе се гледа како лидер на муслиманскиот свет. Ракавицата беше фрлена во 1979 година со Исламската револуција која Иран го претвори во теократија со мисија да го извезува тој модел надвор од своите граници.
Особено последниве 15 години, серија настани дополнително ги наострија анџарите во двете земји. Во 2003-та година, американската инвазија на Ирак и соборувањето на Садам Хусеин доведе до тоа да се отстрани еден важен воен контра-тег на Иран. Тоа им отвори врата на шиитските влади во Багдад и Иран постепено да го јакнат своето влијание. Таканаречената арпаска пролет која почна некаде во 2011 беше искористена за истите гео-стратешки цели, да се шири влијанието во Сирија, Бахреин и Јемен.
Како ситуацијата се влоши?
Стратешкото ривалство се загреа просто затоа што Иран на многу начини ја добива таа регионална битка. Во Сирија, иранската поддршка за претседателот Башар ал Асад (плус Русија) речиси ги истреби бунтовничките групи поддржани од Саудиска Арабија. А СА е водена од еден импулсивен милитантен авантурист, младиот принц Мохамед бин Салман кој можеби има друго сценарио.
Елем, бидејќи неговите упорни белји во Јемен не ги даваат очекуваните резултати (таму Иран на секој начин ги помага шиитските Хути и Хезболах), можно е бин Салман да проба да го прелее кошкањето во Либан каде што про-иранската шиитска милиција Хезболах држи моќен воен блок. А тоа е веќе преблиску до Израел за Тел Авив да седи мирен. Ако се спукаат Израел со Шиитите, Салман завршил работал.
Кој од чија би бил?
Во про-саудискиот камп би се нашле големите сунитски играчи во регионот- Обединетите Арапски Емирати плус Бахреин, како и Египет и Јордан. Во иранскиот камп ќе се најде Башар ал Асад а тука е и шиитската ирачка влада која, иако и натаму користи американска помош против Исис, има блиски конекции со Техеран.
На големите западни сили веројатно најважно им е евентуален конфликт да не ги блокира стратешките води на Заливот, витални за глобалниот бродски превоз и транспорт на нафта. Таков епилог речиси сигурно ќе ја донесе таму американската воена морнарица и авијација.
Кој што држи во ракав?
Освен кај авионите, Иран има далеку посериозен воен капацитет од СА:
Односите меѓу Техеран и Ријад наликуваат на регионална варијанта на Студената војна меѓу САД и Советскиот сојуз. Двете земји долго време се конфронтираат и одмеруваат преку прокси- конфликти, но, само еден ракетен напад на Ријад од Хути (официјално: Ансар Алах) позициите во Либан, прецизен каков што беше последниот на нафтените инсталации во СА, може да ја смени приказната.
Би Би Си проценува дека отворен конфликт би можел да се случи повеќе заради инцидент отколку од намера. Саудиска Арабија се покажа како ранлива но ако се има предвид дека во игра е саудискиот јастреб Саламн кој е поддржан од американскиоот орел Трамп кој пак има свои интереси во регионот, равенката станува заебана.