Во Швајцарија ти е извинуваат ако поради пенисот помислат дека си маж

Во зона за капење ексклузивно наменета за жени нудистки, пред некој месец им се натопорил угол гол маж со брада, маљави гради и соодветен машки алат меѓу нозете. Викал дека има право таму да ги клати своите слободни тестиси бидејќи се идентификува како жена. И навистина го имал променето полот, што во Швајцарија е прелесно. Подоцна му се извинувале од градот.  

Швајцарската политичарка од Народната партија, Нина Фер Дизел, најави дека ќе бара промена на баналните правила за промена на полот во нејзината земја. 

Со закон од 2022 година, тоа стана многу просто: се плаќа такса од нешто помалку од 100 долари и веднаш се менува името и ознаката за полот во која било матична служба во државата.

„Оваа постапка порано беше посложена. Пречките беа намерно повисоки. Денес, промената на полот во регистарот на граѓански статус е премногу лесна. Она што ни се продаваше во тоа време како либерален напредок, во пракса води до проблеми што нè засегаат сите. Последиците стануваат сè поочигледни. Женските простори се под притисок,“ изјави фер Дизел.

Нејзината иницијатива е мотивирана од еден неодамнешен инцидент во Марзилибад во Берн, познато место за пливање на отворено и капење покрај реката Аре. Марзилибад има посебна, одвоена зона за женски нудистки. Таму им се трапосал гол маж кој тврдел дека е трансродова жена: со брада, тепих на грбот и пенис меѓу нозете. Жените го замолиле да замине, тој тврдел дека има право да ја користи зоната бидејќи се идентификува како жена. Обезбедувањето викнало полиција, му побарале лична карта, овој одбил па бил уапсен. Сето тоа било проследено со протести од транс-активисти од локалната подружница на Антифа, при што еден полицаец бил повреден.

Кога во станица му ги провериле документите, виделе дека ја има сменето ознаката за пол и дека во очите на државата, тој е жена. 

На градските власти не им останало ништо друго освен да му се извинат затоа што бил „неправилно отстранет“ од женската зона.

„Ваквите конфликти не се случајност, туку директна последица на апсурдното законодавство кое едноставно ги крие биолошките факти. Правата на жените повторно мора доследно да се штитат – во соблекувалните, во тоалетите или во специфичните женски области“, напиша Нина Фер Дизел.

 

16 август 2026 - 09:11