Системот е направен од евтини материјали, полимер и алуминиум кои се наоѓаат на дното на специјално дизајнирано „соларно засолниште“. Тој шелтер има двојна улога, да ги блокира сончевите зраци кои доаѓаат на таа површина и истовремено да ја насочува термалната радијација нагоре кон небото.
Тоа се нарекува радијативно или пасивно ладење, кое не консумира електрична енергија, не му требаат ни батерии ни друг извор на енергија за да функционира.
Она што е битно кај овој систем е што со неколку иновативни оптички решенија нашле начин како да ја насочат топлината онаму каде што се сака, па да не ја ладите својата, така што ќе ги греете соседните згради.
„Една од нашите иновации е можноста намерно да ги насочуваме термалните емисии кон небото. Тие обично се одбиваат и патуваат во секакви насоки, ние најдовме начин како топлината да ја враќаме фокусирано, во сосема јасна насока.“ вели еден од автоприте на проектот.
Велат дека системот го лади просторот меѓу 6 и 11 целзиусови степени, но потребни се доста единици за да се покрие еден покрив на зграда.