Случката е од последниот Г7 самит во Франција, а се одива во една од салите на хотелот каде што се одржува самитот.
„Трамп го загледа собирот на американските и египетски функционери и на глас запраша ’каде е мојот омилен диктатор?’,“ пренесува Вол стрит журнал.
Сведоците објаснуваат дека Сиси доцнел, а коментарот на Трамп бил на шега, но и покрај тоа во салата инстантно настапил непријатен молк.
Со Трамп во моментот се Стив Мнучин, Џон Болтон и Лари Кудлоу. Вол стрит журнал не знае со сигурност дали Сиси го слушнал коментарот на Трамп. Инаку само неколку моменти подоцна двајцата имаат средба.
Белата куќа ги нема официјално осудено египетските власти за непочитувањето на човековите права. Во египетската верзија на настаните, тие се во борба против муслимански екстремисти.
Ниту Белата куќа дала коментар за настанот, ниту египетските власти спомнале какви било тензии во извештајот за средбата.