Ленор Тејлор 30 години пренесува прес-конференции на австралиски премиери и министри, како и пресови и излагања на странски државни лидери. На пресот на Трамп сфатила дека нема видено баш сè.
Се вџашила колку преслушувања и едитирања на неговите полузавршени реченици се потребни за да може на читател да му се пренесе нешто што звучи како да има смисла.
На тој прес Трамп зборувал за ѕидот. И колку јак бил бетонот. А бил јак зашто се користела напредна „бетонска технологија“. И дека никој не може да се прекачи преку него, бидејќи бил тестиран на 20 алпинисти. „Тие само тоа го прават, се качуваат некаде“, рекол Трамп. И дека ѕидот ќе биде „светска класа“ и дека ќе биде во рустична боја, ама може да се префарба. И дека апсорбирал топлина и затоа ќе бил толку врел што на него човек може јајце да испржи.
И, тоа било тоа.
„Ние сме обучувани да презентираме информации во нивната најјасна можна форма. Но откако ги сослушав бесцелните получасовни верглања на Трамп, се прашувам дали со едитирањето на неговите полумисли ние на нашите читатели им правиме лоша услуга“, вели Тејлор мислејќи на дилемата дали е праведно на она што го зборува Трамп отпосле да му се дава смисла, кога смисла во тоа тешко може да најде.
Слична дилема имаше Ружица Пејовиќ кога сакаше да пишува колумна за Саше Фактор Икс, по што реши да не го прераскажува, туку да го пренесе она што го слушнала, од збор до збор.
И тоа изгледа вака.