Пола милијарда долари за нула гранати

Американските даночни обврзници му дале на „Џенерал Дајнамикс“ 533 милиони долари за нова фабрика која требало да произведува гранати за Украина. Роботите се палеле, работниците седеле без да прават ништо. Објектот извадил точно нула употребливи гранати. Откако производните линии биле затворени, истата единица на „Џенерал Дајнамикс“ добила уште 2,5 милијарди долари во договори. 

Фабрика со најсовремени роботи на „Џенерал Дајнамикс“ во близина на Далас требало да произведува итно потребни артилериски гранати за Украина. Но, роботите почнале регуларно да се запалуваат, што не е за изненадување кога нивните џиновски метални раце завршувале натопени во масло а преместувале жестоко загреани челични блокови.

На свечена церемонија на отворање, претставници на министерството за одбрана и менаџментот на фабриката ја испофалиле иновативната нова машинерија увезена од Турција, но вработените дотогаш веќе биле навикнати на спектакуларни несреќи и пожари.

„По вториот, третиот, четвртиот пат, тоа едноставно стана речиси нормално“, вели еден поранешен работник. 

Наместо да произведуваат гранати на ефикасен начин, скапите машини постојано откажувале на бизарни начини. Роботските раце се нишале без контрола, мавајќи по внимателно калибрираната опрема, понекогаш испуштале парчиња челик од 1,5 метри на подот а џиновските преса требало редовно да се мавне неколкупати со чекан за да проработи.

„Група дечки се менуваа со чекан секоја вечер на машината.“ 

Ситуацијата никогаш не се подобрила. Американската армија, која ја финансираше фабриката, лани наредила прекин на работата на две од  трите производствени линии. Дотогаш, „Џенерал Дајнамикс“ пробил осум рокови.

Објектот никогаш не произвел ниту една употреблива граната. Фијаското ги чинело американските даночни обврзници 533 милиони долари. Но, Армијата не го повика „Џенерал Дајнамикс“ или клучниот турски подизведувач на одговорност. Ниту, пак, го натера „Џенерал Дајнамикс“ да ги врати парите. 

Напротив, компанијата била преплавена со нови договори со државата.

 

16 август 2026 - 09:53