Се отвори клаудот на Еквадор

Од еден небезбеден клауд сервер во Еквадор протекоа информации за граѓаните, фрапантни и по обемот лични информации кои протекоа за еден човек и по тоа на колку луѓе им се обелоденија податоците. На сите.

Извесно време онлајн можеа да се најдат 19 гигабајти податоци за граѓаните на Еквадор, вклучувајќи и деца. Складирани на небезбеден клауд сервер тие брзо им станаа достапни на сите, особено на криминалците за кои ваквиот информациски капитал е суво злато (она што кај на се бомбите на Заев).

„Истекувањето се однесуваше на огромна количина сензитивни информации на индивидуи кои можат да се идентификуваат“, објаснија луѓе од фирмата која подоцна ја затвори оваа дупка.

Во обелоденетите податоци имало броеви на личните документи, телефонски броеви, семејни и брачни податоци, образовни историјати и работни досиеја а особено загрижува што во тој кеш имало и финансиски салда на граѓани од една голема еквадорска банка. Притоа, можеле да се најдат и даночни пресметки и приходни податоци за компаниите.

Со ваков масовен и детален упад во податоците на граѓаните, радоста на криминалците е лесно замислива: ги листаш богатите, одбираш мета, дознаваш каде живее, колку деца има и во кое училиште одат тие. 

18 септември 2019 - 10:47