По откривањето пари од службите, двајца вработени во сајтот си даваат отказ, а газдите, Ј-Го медиа, треба да се објаснуваат со својата публика околу финансирањето.
Се работи за сајтот Суперсистерс, кој е промовиран како „глобална платформа за млади муслимани во источен Лондон да споделуваат и создаваат инспирирачки и еманципирачки содржини“. Инспирација за создавање на сајтот е драмата околу Шамима Бегум, британската тинејџерка која решава да избега во Сирија во 2015 и се приклучи кон ИСИС. Освен веб-страната, Суперсистерс парите ги добива и за организирање работилници и настани насочени кон британските муслиманки од источен Лондон.
Финансиите официјално стигаат преку Превент, истата програма која повеќекратно е обвинета дека спроведува шпионирање на муслимани, и чија работа моментално е под независна истрага.
Инаку Ј-Го медиа финансирањето не го криеле нешто посебно многу, туку само го немаат „пријавено“ на блогот на Суперсистерс и на нивниот Инстаграм, туку го пишале само на корпоративниот сајт.
Сепак, ова не е доволно за да се исчистат од сомнежот дека сајтот е „намерно е направен за да промовира тип на Ислам прифатлив за државата, со потенцијал да ја следи таргетираната публика на британски муслиманки на возраст од 13 до 19 години“.
Инаку под анти-екстремистичката стратегија на британското МВР се финансирале или се уште се финансираат серија медиуми, активност на социјални мрежи и културни настани во Британија насочени кон муслиманските тинејџери во земјата.