„За самоодбрана, за одбрана на една држава, ние сме подготвени да и помогнеме на Саудиска Арабија и политичкото раководство на Саудиска Арабија.
Доволно е тие да донесат мудра владина одлука, како што тоа претходно го направија лидерите на Иран кога го купија С-300, и претседателот Ердоган, кога го купи одбранбениот систем С-400 Триумф,“ изјави Путин за време на заедничката прес-конференција со лидерите на Иран и Турција.
Ријад почна некои преговори за купување на С-400, меѓутоа заканите од санкции од САД го забави финиширањето на договорот. Истите овие закани на пример не фатија кај турскиот претседател, кој веќе почна да ги добива деловите од системот, ама па беше суспендиран од програмата за воениот авион Ф-35.
Штетата од нападот е што Саудијците мораат да престанат со половина од своето производство на сирова нафта, што е околу 2,5% од вкупното светско производство на нафта.
Потенцијалната идна штета е што главни обвинети за нападот се Хути бунтовниците од Јемен, кои се поддржани од Иран, па сето ова добива сериозен потенцијал да заврши со нов конфликт во регионот и американска интервенција.