Камерон го обвини Џонсон дека првично тргнал во кампања не за да ја изнесе Британија од ЕУ, туку за унапредување на својата кариера. Според Камерон, тимот на Џонсон за време на кампањата „вистината ја заборавил дома“ а освен тоа се однесувал „ужасно“.
Поранешниот премиер се присетува дека во моментот кога се приклучува кон кампањата за напуштање Џонсон му изјавил дека брегзит ќе биде поразен на референдумот.
Што се однесува на втор референдум, според Камерон тој не може да се исклучи бидејќи целиот процес, и внатрешно и надворешно, моментално е заглавен.
Меѓу 2005 и 2016, Камерон и Џонсон заедно работеа на подмладување на имиџот на Ториевците, а претходно заедно имаат студирано на Етон колеџот.
Интервјуто е правено пред одлуката на Џонсон да го суспендира парламентот, и доаѓа како најава за новите мемоари на Камерон.