Денешното движење за зачувување на птиците се иницира пред 50-тина години, по книгата „Тивка пролет“ на конзерваторката Рејчер Карлсон која алармира на загрижувачката состојба на птиците и погубниот учинок на човечкиот фактор на нивните природни живеалишта.
Студија неодамна објавена во Сајенс покажува дека иако свесност за проблемот постои, пет децении подоцна бројот на птиците продолжил да опаѓа. Денес во Северна Америка има 3 милијарди птици помалку отколку во 1970 -та година, односно нивната биомаса е стеснета за 29%.
За броење или проценка на птиците постојат доверливи методологии. Тоа што е лесно тие да се пребројат е индикатор дека и другите екосистеми пропаѓаат.
Најлошо минуваат птици кои живеат на на тревните екосистеми, како што се прериите и саваните. Тоа се должи на зграбување земја за агрикултура, уништување на природните живеалишта на птиците, користењето пестициди кои ги убиваат инсектите со кои се хранат птиците и слично.
На прв поглед звучи парадоксално но најдобро проаѓаат патки, гуски и други птици кои се цел на ловците. Ловечките друштва се однесуваат домаќински и нивниот менаџмент на ловиштата доведоа до реална заштита на птиците кои активно се ловат.
* убави фотографии на птици имате овде