Веста за шишањето стигнала до 1,4 милијарди луѓе а прашањето на колумнистката на Гардијан е дали новата фризура на Иванка е знак дека таа сака нејзините политички амбиции да се сфатат посериозно.
Шишањето меѓу другите го имаат анализирано Дејли Бист („можеби ова е оптичка варка за да се пренесе слика на контрола во разнишаната администрација“), Салон („дали ова е потврда за нејзините зголемени амбиции“), Рафинери29 („дали таа со ова сака одново да го воспостави својот кредибилитет пред кампањата за следните избори“).
„А можно е и Трамп само да сакала да се потшиша. Меѓутоа ако на Трампови им е грижа за нешто, тоа е имиџот; и јас не би ја отфрлила идејата дека новата фризура на Трамп е обид да нè натера посериозно да почнеме да ги сфаќаме нејзините политички амбиции.
Женската коса, сепак, е замрсена во традиционалните идеи за женственост. Има причина зошто голем број политичарки носат кратка коса: помалку е женствена, што ги прави да изгледаат помоќни. Па, плашете се, многу плашете се: Новата фризура на Трамп може да симболизира дека таа ги има засилено своите политички амбиции.
Господ да ни е на помош ако реши да стане бринета,“ пишува Арва Мадави во текстот за Гардијан.