Киното Карлтон во Торонто ги откажа проекциите на филмот „Подемот на Џордан Питерсон“ од Патриша Маркочиа, филм кој им беше најавен за еднонеделно прикажување. „Еден или повеќе“ вработени имале проблем тој филм да биде пуштан кај нив, потврдил менаџерот на киното.
„Последниве неколку месеци контактиравме бројни меинстрим или арт кино сали во зела земја. Во многу случаи нè одбиваа само затоа што темата на филмот е Џордан Питерсон. Некои од кината влегуваа во нивни внатрешни дебати околу нивната програмска политика. Некои ни кажаа дејка филмот е фер и солидно направен но дека нема да го пуштат затоа што не сакаат да учествуваат во 'правењето култ кон Питерсон'. Случајот со киното Карлтон е разочарувачки затоа им беше доволно алиби „еден или повеќе“ да бидат против за да нè откажат. А тие веројатно не го имаат гледано филмот“, вели режисерката.
Питерсон е пукан зајак па вакви проблеми не му се непознати. Од одбивања на кампуси, реметења на негови говори, протести на кенкави снегулки маскирани како воини за социјална правда.... Една од последните бизарности на политичката коректност против која Питерсон суверено се бори беше кога книжарница од Нов Зеланд ја повлече од полици неговата книга „12 правила“, поврзувајќи ја со масакрот во Крајстчрч. Во истата книжарница без проблем продолжи да се продава Мајнкампф од Адолф Хитлер.
Пред некое време, министерот за култура Асаф Адеми го осуди филмот Ругање со Христос на Јани Бојаџи и баљезгаше за некакви вредности иако призна дека гледал само трејлер. Со тоа практично фрли извршна фатва, по што филмот тешко наоѓаше кино сала во Македонија (Заев од некоја грмушка: Северна!) која е подготвена да го прикаже, вадејќи се на пополнетост на термини, безбедносни ризици и слично.