Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Шефот на холандската дипломатија даде оставка поради молкот за Газа

23 август 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Шефот на холандската дипломатија Каспар Велдкамп поднесе оставка поради тоа што не успеал да ја убеди владата да воведе санкции за Израел поради војната во Газа и плановите за понатамошна окупација на Западниот Брег.
  • „Се соочив со отпор во кабинетот. Чувствувам дека не сум во можност да ја спроведам политиката и да ја трасирам насоката која сметам дека е неопходна“, изјави Велдкамп, поранешен холандски амбасадор во Израел.
  • Заедно со Велдкамп се повлекоа сите членови на кабинетот од неговата умерена десничарска партија Нов социјален договор. „Накратко, завршивме. Израелските акции се дијаметрално спротивни на меѓународните договори“, изјави лидерот на партијата, Еди ван Хијум.
  • Парламентот на Холандија упорно ја одложува дебатата за воведување санкции за Израел. Велдкамп бараше забрана за увоз на стока произведена од израелските доселеници на Западниот Брег. „Има глад, етничко чистење и геноцид. Нашиот кабинет заседава со часови дали да преземе каква било акција. Срамно“, коментира опозициската пратеничка Кати Пири.
  • Оставките ја продлабочуваат политичката криза во Холандија. Владата падна во јуни откако десничарскиот блок на Геерт Вилдерс се повлече од коалицијата поради неспроведување на неговата политика за имигрантите. Вонредни избори се закажани за во октомври.
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

АНБ со мирис на УДБА

2

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

6

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
7

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

АНБ со мирис на УДБА

2

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

3

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

4

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

5

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

6

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Свет
7

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

8

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Зошто исчезна оваа фотографија?

Денешната Ленка шие за Швајцарци

Мапа на вкусовите

Гиф на денот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy