Онтарио успеа да направи минус од 42 милиони долари од продажбата на марихуана

Канаѓаните легализираа продажба на марихуана и тоа требаше меѓу другото да помогне во закрепнување на „кутрите“ буџети. Во случајот со Онтарио целата работа тргна во друг правец и проблемите со пари само метастазираа.

За првата година, која ја комплетираат на 31 март 2019, Онтарио канабис ритеил корп (ОЦРЦ), има пријавено приходи од 64 милиони долари. Меѓутоа во истиот период тие имаат трошок од 106 милиони долари, што значи дека целиот бизнис е во була од 42 милиони долари (сите долари се канадски).

Почетокот на легална продажба на марихуана беше со сериозни логистички проблеми од пропусти во синџирот на снабдување до недостаток на залиха и слично. Недостатокот на стока ги натера властите на Онтарио (провинцијата) во првиот круг да поделат само 25 лиценци за продажба, бројка која допрва треба да се зголеми на 75.

Портпаролот на министерот за финансии на Онтарио објаснува дека причина за минусот се трошоците за почнување на бизнисот, и дека очекува со тек на време да се испегла минусот.

 

17 септември 2019 - 14:18