Се работи за вкупно 913 партнери во ПВЦ, и се работи за најголемата сума исплатена од компанијата во последниве 10 години. Минатиот месец, секој од партнерите во Делоит (699), по иста основа зема по речиси 1 милион евра.
Проблемот за двете консултантски компании е што ваквото делење пари само ќе го зголеми притисокот за растурање на „големата четворка“ на британски сметководствени компании, (овие две плус Ернст и Јанг и КПМГ) кои веќе подолго време и се на пик на јавноста и политичарите по основа на лоши ревизии, анти-монополски постапки и конфликт на интереси.
ПВЦ во извештај од јули беше критикуван од финансискиот регулатор за лоши резултати од ревизиите на компании од лондонската берза. Тогаш, првиот човек на ПВЦ изјави дека му е жал што имаат такви резултати ама ќе се подобрат.