Вести

Во Швајцарија ти се извинуваат ако поради пенисот помислат дека си маж

Во зона за капење ексклузивно наменета за жени нудистки, пред некој месец им се натопорил угол гол маж со брада, маљави гради и соодветен машки алат меѓу нозете. Викал дека има право таму да ги клати своите слободни тестиси бидејќи се идентификува како жена. И навистина го имал променето полот, што во Швајцарија е прелесно. Подоцна му се извинувале од градот.  

За смртта на професорот кого Кембриџ нејќеше да го провери

Џејсон Ардеј, најмладиот црн професор во Кембриџ, беше пронајден мртов само неколку дена откако поднесе оставка на престижната позиција среде жестоката кампања и сомневања за академски плагијат и фотошопирање на биографијата. Кембриџ упорно ги игнорирал предупредувањата и сега ќе трпи штета. Но уште поголема штета ќе има кај оние на кои животот на Ардеј им даде лажни надежи за можни чуда со тежок аутизам. 

Пола милијарда долари за нула гранати

Американските даночни обврзници му дале на „Џенерал Дајнамикс“ 533 милиони долари за нова фабрика која требало да произведува гранати за Украина. Роботите се палеле, работниците седеле без да прават ништо. Објектот извадил точно нула употребливи гранати. Откако производните линии биле затворени, истата единица на „Џенерал Дајнамикс“ добила уште 2,5 милијарди долари во договори. 

Речник

Враќање на Гестапо

Германија ја урива бариерата меѓу полицијата и тајните служби, поставена после ерата на Хитлер. Германскиот кабинет одобри пакет нацрт-закони од 700 страници со кои масовно се прошируваат овластувањата на нејзините домашни и странски разузнавачки агенции. „Ги претвораме нашите разузнавачки служби во вистински тајни служби“, гордо рече за реформата сојузниот министер за внатрешни работи Александар Добриндт.

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Бојкотот на Фејсбук почна да се усериозува

Телеком операторот Веризон стана најновиот и најголем огласувач на Фејсбук кој реши да се приклучи кон бојкотот на рекламирање на социјалната мрежа обвинета дека не се труди ни приближно колку што треба за справување со говорот на омраза на платформата.

Леброн Џејмс со 100 милиони долари влегува во медиуми

Кошаркарот и неговите бизнис партнери успеаа да осигурат инвестиција од 100 милиони долари за нивната медиумска компанија чиј главен таргет ќе биде црнечката публика.

Расист на денот: Шахот

Под будното око на глобалната глутница лустратори не помина незабележано црно-белиот расист кој со векови се провлекува неказнет. Ако се прашувате зошто шахот е расистички кога има подеднаков број црни и бели играчи и подеднаков број црни и бели полиња, во најмала рака сте наивни: а кој секогаш почнува прв? 

Се продава станот на Че Гевара

Веста е дека во Аргентина се продава станот во кој се родил Ернесто Че Гевара. Бонус информацијата што не ја знаевме е дека Че Гевара е роден и израснат во стан од 240 метри квадратни.

Гугл ќе почне да плаќа за вестите што ги објавува

Медиуми од Бразил, Германија и Австралија успеаа да добијат договор со агрегаторот на вести на Гугл, да почне да им плаќа за вестите што се реобјавуваат (линкаат) на сервисот.

Ведрана Рудан: Ѓоковиќ на крст

Ние малите народи имаме два непријатела. Едниот е Запад кој нè доживува само како дивјаци и робови способни единствено да ги чистат нивните гомна. Другиот непријател ни е многу поголем, политичарите кои со децении систематски нè убиваат со глад, лаги, безчувствителност, крадење, ширење омраза. Па ти избери. Или остани овде и цркни. Или оди некаде далеку и пцовисај.

Шведскиот научник што не беше за носење маски, сега се пишмани

Стратегот зад шведската ковид-19 стратегија, државниот епидемиолог Андерс Тегнел, е подготвен да ја ревидира употребата на маски, откако претходно беше изричито против нив.

Во Русија почна гласањето за ресетирање на бројот на мандати на Путин

Како мерка против ширење на епидемијата гласањето во Русија ќе трае 7 дена, а со него треба да се комплетира проектот за продолжување на владеењето на Владимир Путин и отворање пат за тој да остане на власт до 2036. Во 2036 Путин ќе има 83 години.

Оф мори мајко: Многу дрвја не било на арно

Еве ни уште еден шокантен пресврт и тоа во нешто што го мислевме за интуитивно разбирливо и сосема неконтроверзно поправање на штетата која човекот ја прави на планетата: да садиме што повеќе дрвја. Тоа може да донесе повеќе зијан отколку ќар, предупредуваат новите сознанија.

ЦЕРН планира супер-колајдер од 100 километри за 23 милијарди долари

Откако не успеа да предизвика апокалипса со претходниот, ЦЕРН сега планира да гради речиси четири пати поголем супер-колајдер кој треба уште нешто да дообјасни околу Хигс Босон честичката.

Ништо од бесилката за црниот возач на НАСКАР

Парчето јаже откриено во гаражата на НАСКАР возачот Баба Волис, кое беше протолкувано како закана за негово линчување и потоа беше основа за наплив на (оправдани) осуди и поддршка, всушност служи за кревање на вратата на гаражата и таму е уште од лани.

Господар на прстените има потреба од „шашави“

Агенцијата за кастинг ангажирана за серијата Господар на прстените, пушти оглас во кој бара луѓе со долги и костести екстремитети, големи клемпави уши, лузни од бубуљици, костесто лице, големи очи, вилици што се преклопуваат и недостаток на коски.

Трамп вети апсење на секој што ќе собори статуа

Секој фатен како се обидува да собори статуа или споменик ќе биде уапсен, и за тоа би можел да лежи до 10 години затвор, a затоа што ова само по себе не е доволно трамповски потег, американскиот претседател најави дека наредбата ќе важи и „ретроактивно“.

Полицијата сепак ќе упаѓа во без-полициската зона во Сиетл

Дел од Сиетл веќе некое време се води како зона без полиција окупирана од вооружени демонстранти, и ова до сега главно беше дозволено по линија на „нека им пројде меракот“. Викендов во зоната беа застрелани три лица, а со тоа и зоната почна ситно да брои.

Кај Индија преку ноќ се реинкарнираше потребата од руски одбранбен систем

Една посериозна 'рчка со Кина подоцна и индиските власти инстантно се вратија на вршење притисок за што поскора испорака на рускиот С-400 одбранбен систем, кој до сега не го брза од атер на САД и Трамп.

Американско - кинеска престрелка на Твитер

Веста гласи дека Вашингтон е разочаран што Кинезите не се појавија на разговорите за нуклеарно разоружување во Виена па ќе мора светов да се спасува само со нив и Русија. А и столчиња им обезбедиле и знаменца им ставиле. Кинезот вика, чекај малку.

БЛМ: Треба да падне и белиот Исус

Активистот Шаун Кинг, еден од највлијателните лица во движењето Блек Лајвс Метер, даде „зелено светло“ за рушење на статуи на Исус Христос со објаснување дека начинот на кој тој е претставен е дел од идеологијата на белата супремација.

Од што па сега се грееш, Арктику?

Таман пофаќавме некоја логика и се израдувавме од бројните вести дека заради пандемијата и генералното стишување на човекот, загадувањето е битно намалено и природата се враќа во нормала, ете ти вест дека Арктикот забалежува рекордно високи температури.

Што точно значи ако си негативен на тест за ковид-19?

Слично како тестовите за бременост, главно ако некој тест за ковид-19 е позитивен тогаш сигурно значи дека си заразен, меѓутоа ако е негативен не е баш сигурно дека си негативен.

Вируси, мамци и други тракатанци

Идејата е тотално нетипична а звучи возбудливо: со помош на мамци да се прелаже коронавирусот и да му се одвлече вниманието од неговата главна цел,  да стигне во белите дробови.

Внуката на Трамп на крај ќе може само за себе да напише книга

Мери Л. Трамп му е внука на Доналд од постариот брат Фред, и Мери многу сака на цел свет да му каже какво ѓубре е чичко и, само што веројатно нема да може затоа што од тоа се откажала уште пред 20 години.

Телото не се бори само со помош на анти-тела

Во досега најголемата студија фокусирана на истражување на анти-тела за коронавирус, истражувачите дошле до неколку неочекувани резултати.

Трамп би можел да се сретне со Мадуро

Откако ниту поддршката на една дипломатска величина како Никола Димитров не помогна во етаблирање и зацврстување на позицијата Хуан Гуаидо како лидер на Венецуела, Трамп одлучи дека би можел да се сретне и со избраниот лидер на земјата, Николас Мадуро.

Кој ќе профитира од Блек Лајвс Метер?

Прашање кое стандардно треба да се поставува за сите политички движења е - кој ќарува од тоа? За БЛМ допрва ќе се види колку бенефит ќе имаат оние во чие име се прави побуната. Но затоа, уште сега е јасно кој сигурно профитира - оној кому профитот му е во суштината на неговото постоење - капитализмот.