„Ние имаме стриктни политики и нула толеранција кога тие ќе бидат нарушени.
Го паузираме нашето рекламирање се додека Фејсбук не создаде прифатливо решение од кое ќе бидеме задоволни и кое ќе биде конзистентно со она што го постигнавме со Јутјуб и други партнери,“ порачува директорот за медиуми на Веризон.
Според неофицијални бројки, Веризон е 78-от по потрошувачка огласувач на Фејсбук за периодот меѓу 22 мај - 20 јуни, кој за овој неполн месец има потрошено 1,5 милиони долари на реклами на Фејсбук и 500.000 долари на реклами на Инстаграм.
Пред Веризон, компании вредни стотици милиони долари како Норт фејс, Патагонија, Бен енд Џери, Манголија пикчрс и бројни други се приклучија на бојкотот, преку прекинување на трошење на својот маркетинг буџет на реклами на Фејсбук.
Проблемите на Фејсбук се заради начинот на кој се справува со постовите на Трамп, навреди и палење публика по разни основи, плус несправувањето со дезинформациите што периодов се шират на мрежата а се однесуваат на протестите против полициската бруталност и расизам. Целата кампања е организирана од АДЛ (Anti-Defamation League).