Договорот има две главни точки:
1. Гугл ќе им плаќа на одредени медиуми за да ги пренесе нивните вести, сосе фотографии и видео.
2. Гугл ќе им плаќа на одредени медиуми некаков надомест за корисниците на сервисот да можат бесплатно да ги читаат содржините за кои медиумите наплаќаат пристап (paywalled).
Договорите се однесуваат на сосема нов сервис, за кој се знае дека ќе биде дел и од Гугл њуз. За сега Гугл не објави партнерство со ниту еден медиум од САД, меѓутоа од компанијата објавуваат дека се во преговори со медиуми од уште неколку држави.
Од Гугл не соопштуваат никакви детали околу плаќањата.
Од прв ден на постоење, Гугл се спротивставуваше на идејата дека треба да плати за туѓиот труд што го реобјавува на Гугл њуз, па по таа линија шпанските медиуми се збришани од сервисот откако судот на земјата реши дека Гугл сепак треба да им плаќа за вестите што ги линкува на својот сервис. Гугл до пред некое време се закани дека истото ќе го направи и за сите медиуми од ЕУ, доколку ЕУ реши да наметне такви политики.
Процената е дека ваквата промена на расположението е затоа што на Гугл му станува јасно дека агрегаторот на вести нема да може до бесконечност да се вади на мускули и да ги уценува медиумите со бришење од сервисот, туку дека еден ден ќе мора да почне да плаќа за вестите што ги линкува и на кои се базира целиот негов производ, па сега се обидува тоа да го направи „по сопствени услови“.