
Американскиот амбасадор Маршал С. Белингсли, специјален пратеник на американскиот за контрола на оружјето, твитна дека Виенскиот самит на таа тема ќе мора да почне без кинеската делегација која не се појавила на разговорите.
„Како и за другите прашања, и за ова прашање тие се кријат зад големиот кинески ѕид на таинственоста“, напиша Белинглси, најавувајќи дека средбата во Виена ќе мора да се одвива само меѓу САД и Русија.
После два часа доби одговор од Чен Веихуа, главниот дописник на Чајна деили од Европа:
1. САД се оние кои постојано раскинуваат договори, така што немаат многу кредит. Потсетете се на Иранскиот договор за нуклеарна контрола и Парискиот климатски договор па да зборуваме на оваа тема.
2. Кина има 300 нуклеарни ракети, наспроти 6.000 кои ги имаат САД и Русија. Спуштете се на 300 или барем на 500 па ова што го зборувате ќе има смисла.
Од другите забелешки во таа нишка издвојуваме дека е проѕирна идејата да се обвини и понижи Пекинг со ставање столчиња и знаменца за неговата делегација кога било јасно дека тие нема да дојдат на самитот. А и државното знаме им е погрешно ставено. Башка што на самитот ги нема ни Франција, Велика Британија и Индија кои исто така се нуклеарни сили.