Веројатноста за средба, Трамп ја надополни со изјава дека повеќе нема комплетна доверба во опозицискиот лидер на Венецуела. Во јануари 2019, во обид да го собори Мадуро, Хуан Гуаидо по изборите сам се прогласи за претседател на земјата.
„Можеби би размислил околу тоа што Мадуро сака да се сретнеме. Јас никогаш не сум бил против состаноци - знаеш, ретко сум против состаноци.
Јас секогаш велам, многу малку губиш со состаноци. Меѓутоа до овој момент ги имам одбиено,“ изјавил Трамп.
Инаку, во мај годинава една од ретките вести кои ја разбија монотонијата на ковид-19, беше информацијата дека Венецуела заробила 52 платеници предводени од пензионирани американски војници, во обид да го киднапираат Мадуро.
Во интервјуто за Аксиос во кое разговара околу можноста за средба со Мадуро, Трамп „наведува дека тој нема многу доверба во Гуаидо“.
Трамп објаснува дека бил „решително против тоа што се случува во Венецуела,“ но, зборувајќи за признавањето на Гуаидо за претседател на земјата дополнува „Океј бев со тоа... ама мислам дека и така и така тоа не беше нешто суштинско“.
Интервјуто следува како реакција на Трамп на книгата на неговиот поранешен советник за национална безбедност, Џон Болтон, според кого Трамп „го сметаше Гуаидо за ’слабак’ наспроти Мадуро кој беше ’силен’.“