Најдобриот тенисер на светот, Ѓоковиќ, и екипата имаа прекрасен план. Да се организира средба на големи тенисери и да им се помогне на луѓето на овие простори да заборават на чемерните коронарани денови. Мислевме дека тие денови се зад нас.
За жал, проектот пропадна. Го уништи короната. Сите светски медиуми на кои лоша вест секогаш им е брејкинг њуз ја искористија приликата да му се сипаат на Ѓоковиќ. Ништо неочекувано. На секој голем меч на Ѓоковиќ се чувствува омразата која во негов правец ја повраќаат „белците.“
Британците кои себе се гледаат побели од клозетска шоља испрана со Доместос, Ѓоковиќ го исвиркуваат кога и да им се пружи прилика. Ѓоковиќ е најдобар, тоа никој не може да му го оспори но тој за западњаците пред сè е „Балканец“, „црнец“ и „дивјак“. Го фаќаат за секој збор објавен на мрежите, ситни и крупни медиумски риби ја користат секоја прилика гризејќи го Ѓоковиќ да станат поголеми. Задарската приказна им дојде како нарачана.
Дали околу „случајот Задар“ баш сè е јасно? Треба ли да се распне Ѓоковиќ? Имаме искуство со короната. Знеме кој е кој во таа приказна. Лекарите знаат, политичарите примаат на знаење, им објавуваат на луѓето, препорачуваат или наредуваат мерки. И тоа е така и така тоа беше.
Кои лекари во Белград им кажаа јасно и гласно на политичарите и народот дека короната е по вторпат меѓу Србите, или попрецизно, дека таа ја нема напуштено Србија? Српските лекари молчеа. Знаеме и зошто. Беа избори, луѓето треба да се забават со фудбалски натпревар и да се испрати јасна порака дека можат мирно и без паника да отидат на гласање и да го изберат Вучиќ.
Што нам ни зборуваа хрватските лекари? Има ли корона? И тие молчеа. Како на луѓето да им се зборува за дистанца, корона, број на заболени, како да се забрануваат средби и спортски настани кога живееме од туризам и згора на тоа мораме набрзинка да го избереме Пленковиќ? Никако. Ни се случи „Задар“ бидејќи валканите лекари и валканите политичари со заеднички сили ги лажеа граѓаните на Србија и граѓаните на Хрватска.
Жал ми е за спортистите. Треба ли воопшто да се нагласува дека ни на Ѓоковиќ ни на Иванишевиќ не им беше намера да им увалат болест на дечиња кои таму се нашле бидејќи го сакаат спортот? Ова требаше да им биде пример на луѓето од овие простори дека сепак може да се стори нешто убаво и добро за заедницата и тогаш кога ќе се здружат „Србинот“ Ѓоковиќ и „Хрватот“ Иванишевиќ.
За жал, короната упропасти нешто што можеше да биде повеќе од игра. Ние малите народи имаме два непријатела. Едниот е Запад кој нè доживува само како дивјаци и робови способни единствено да ги чистат нивните гомна. Другиот непријател ни е многу поголем, политичарите кои со децении систематски нè убиваат со глад, лаги, безчувствителност, крадење, ширење омраза. Па ти избери. Или остани овде и цркни. Или оди некаде далеку и пцовисај.
Верувам дека на Ѓоковиќ му де тешко, сигурна сум дека ако остане на врвот, ќе му биде уште потешко. Во белиот свет, на „црнец“ не му помага ни кога ќе прими пехар во Вимблдон. На тој трон, „црнецот“ станува „црнчуга“ на која секој западњачки пес може да му се посере.
За среќа, Ѓоковиќ е жилав лик. Немам никаква врска со него. Па сепак, кога ќе го дигне пехарот во воздух, јас, црнкињата, се чувствувам подобро.