Изминатиот викенд во Арктичките кругови е забележана рекордно висока температура на сите времиња, која достигнала 38 целзиусови степени во сибирскиот град Верхојанск.
Рекордот треба официјално да биде верификуван но се работи за температура која е за цели 18 степени повисока од дневниот просек за јуни.
Топли лета во тој круг се случувале и порано но последниве месеци се мерат абнормални температури, пренесува ББЦ. Во март, април и мај оваа година температурата во просек била 10 степени повисока од повеќегодишниот просек.
Повеќето научници се согласуваат дека во последниве 30 години, Арктикот се затоплува двојно повеќе од остатокот на планетата. Топлотните удари се објаснуваат со движењето на воздухот но метеоролозите ги загрижува долготрајноста на оваа временска шема и висината на зголемувањето.
Топењето не арктичкиот мраз не е неповолно само заради подигнување на морското ниво туку и поради фактот што со топењето се ослободуваат метан и јаглерод диоксид кои потоа дополнително ја влошуваат климатската равенка.