По ново Тегнел објаснува дека има ситуации во кои е корисно луѓето да ја покриваат устата и носот, па во последното интервју тој вели дека можно е маските да бидат препорачани за луѓе кои користат јавен превоз, притоа држејќи до она што до сега го збореше и порачувајќи дека „маските дефинитивно на ниту еден начин нема да бидат оптималното решение.“
Тој до сега беше гласен против препораката на СЗО за користење на маски во ситуации кога „социјалното дистанцирање е тешко да се изведе“, оправдувајќи го тоа со ставот дека „има многу малку научни докази“ дека тие функционираат.
Главниот шведски епидемиолог од почетокот константно беше и против „затворањето“ на цели држави, за потоа да призне дека дополнителни рестрикции може да се неопходни, но и понатаму стоејќи на стратегијата дека Шведска треба да остане отворена.
И покрај тоа што Шведска ја има една од највисоките стапки на смртност од ковид-19 на светско ниво, во интервјуто, Тегнел повторно се изјасни против затворањето порачувајќи дека се чувствувал како „светот да излудел“ со наметнување на така сурови рестрикции и покрај општествената цена.
Наместо затворање, Швеѓаните беа советувани да се држат до правилата за социјално дистанцирање.