Австралиски бродкастер финансиран од државни пари пробал да набави релевантни гости, меѓу кои и шахисти, на тема дали шахот е расистички спорт чии правила потајно ја одразуваат белата супремација.
Радиото АБЦ од Синдеј го контактирале шахистот Џон Адамс и му објасниле дека сакаат да развијат суштинска дебата за расистичките елементи во шахот, првенствено фокусирани во правилото дека белите секогаш тргнуваат први.
Овој некој нормален па мазно ги одбил.
Инаку, шахот е измислен некаде во северна Индија во 6-от век под името „чатуранга“ за да продолжи да се шири по Патот на свилата и да стане многу популарен во цела Персија, од кадешто потекнува и терминот шах-мат (што значи дека кралот, односно шахот - како на пример Реза Пахлави - е во безизлезна ситуација). Потоа се шири и во Европа, Африка и Азија и станува една од најпопуларните и најпредизвикувачки игри на сите времиња. По Исламската револуција во 1979 година, во Иран шахот беше прогласен за арам и беше забрането негово јавно играње, но во 1988. врховниот водач Ајатолахот Хомеини ја дигна забраната и го дозволи шахот сè додека тој не служи за комар.
Можеби следна за лустрација е играта Ризико заради нејзините инперијалистички амбиции а ако се инсистира на расни теми, кај и да е на ред ќе дојде и еурокремот кому прво му се јаде црниот дел, што можеби нема врска со вкусот туку со некоја потсвесна геноцидна претстава за светот која ја буткаат белците.
Туку. ќе објасни ли некој зошто има и посебен женски шампионат во шах? Ај за дигање тегови или атлетика да има посебни категории заради разликите во физичка сила и капацитет, ама што е со менталнава и когнитивна разлика меѓу двата пола?
*********