Леброн Џејмс со 100 милиони долари влегува во медиуми

Кошаркарот и неговите бизнис партнери успеаа да осигурат инвестиција од 100 милиони долари за нивната медиумска компанија чиј главен таргет ќе биде црнечката публика.

Се работи за компанијата СпрингХил ентертејмент, во чиј борд освен Леброн е и Серена Вилијамс, а ЦЕО е бизнис партнерот на Леброн, Маверик Картер. Во бордот на компанијата, меѓу другите, е и наследничката на Њуз корп, Елизабет Мурдок.

Тие себе си се опишуваат како медиумска компанија со „беспоштедна агенда која ќе им даде глас на креаторите и потрошувачите.“

Компанијата е формирана на 11 март, истиот ден кога НБА ја прекина сезоната откако кошаркар на Јута Џез беше позитивен на коронавирусот, а за нејзе беше објавено дури во четвртокот. Името го добива според станбениот комплекс во Охајо каде расте Леброн.

Леброн со ЦЕО-то, Маверик Картер

За сега имаат 100 вработени, од кои, како што нагласува Леброн, 40% се жени, а 64% се луѓе од не-бело потекло.

Од бизнис, СпрингХил ентертејмент веќе има потпишано продукциски договори со Волт Дизни и работи со Нетфликс на филм на тема кошарка, во кој глуми Адам Сандлер.

26 јуни 2020 - 12:44