Сите кандидати се бараат итно, откако снимањето на серијата Господарот на прстените беше дозволено да продолжи во Нов Зеланд. Инаку во огласот не се споменува за која конкретна улога станува збор.
Снимањето на серијата, за која веќе е нарачана втората сезона, беше прекинато во март заради кризата со ковид-19. Планот е снимањето на продолжи следниот месец.
Претходно, во октомври 2019, агенцијата имаше оглас за актери кои се вонредно високи (над 195), ниски (под 150), влакнести или андрогени.
Иако станува збор за ни најмалку гламурозна работа, која е смешно платена, легиите фанови на Толкин редовно се потепуваат меѓу себе за да стигнат до овие улоги. Во 2012, за време на еден сличен кастинг за снимањето на Хобит во Нов Зеланд, полицијата го затвори кастингот и требаше да ги растера насобраните откако над 3.000 лица чекаа за аудицијата.