Таг: господар на прстените

Кој е тој што ќе каже што е правилно / погрешно?

Како 30 секунди музика можат да сменат цел филм, и тоа трилогија од 12 часови.

Нордискиот мит што го инспирираше Толкин

Кратка приказна, набрзина раскажана, по број на податоци и имиња достојна за споредба со целиот опус на Толкин.

Италијанецот кој живее во своја верзија на „Господар на прстените“

Николас Џентиле, 37-годишен слаткар, не сакал само да се преправа дека е хобит, туку навистина да живее во Средна земја. Тој и неговата сопруга изградиле своја верзија на Шајр - регионот од фиктивната Средна земја на Толкин.

„Чувари“: советската верзија на „Господар на прстените“ од 1991

И да знаете и да не знаете руски, доколку сте фанови на Толкин или доволно љубопитни, на јутјуб во моментов над 700.000 луѓе гледаат актуелизирана руска верзија на ЛОТР, правена во време на распад на некогашниот СССР.

Господар на прстените има потреба од „шашави“

Агенцијата за кастинг ангажирана за серијата Господар на прстените, пушти оглас во кој бара луѓе со долги и костести екстремитети, големи клемпави уши, лузни од бубуљици, костесто лице, големи очи, вилици што се преклопуваат и недостаток на коски.

Господар на прстените на Амазон башка од Господар на прстените на Питер Џексон

Ликовите и локациите од книгата на Толкин ќе може да бидат дел од серијата на Амазон, меѓутоа приказната нема да смее ни ишарет да пушти кон она што се случуваше во трилогијата филмови.

Црни, темни зандани за сценариото на Господар на прстените

Адаптација на книгата на Толкин што Амазон ја најавува како ТВ серија од 1 милијарда долари, за сега добива и таков третман од Амазон, барем во однос на безбедноста.

Како Господар на прстените ќе завршеше како 2-часовен филм

Злотворот кој моментално е на тапет заради своето однесување со сè женско што допрел, своевремено му се заканил на Питер Џексон дека ќе биде сменет од проектот Господар на прстените ако не ја претвори книгата на Толкин во 2-часовен филм.

Амазон ќе прави серија од Господар на прстените

Видео стриминг сервисот објави дека ги добил правата за делото на Толкин и најави снимање на серија од повеќе сезони со потенцијални спин-офи на приказната.

Митологија и историја на Господарот на прстените

Пред да биде Господарот на прстените, пред да биде Хобитот, пред да биде што било, постои Еру Илуватар, богот и создателот на целиот Универзум на Толкин. Видеово ќе се обиде да ви ги објасни основните работи од Силмарилион (колекцијата на дела на Толкин во кој се објаснува потеклото и се што се случува во неговите книги), кој кого создал, кој како настанал и слично.

Халид Бешлиќ за Бруинен

Прво, Бруинен е река од книгата / филмовите Господар на прстените. Второ, Халид остана кај Миљацка, оваа ја пејат Лос Кретенос.

Па каже:

"Ја свих ових дана,
преко Рохана,
Орке и Варге прогоним..."

Економското влијание на Господарот на прстените

Трилогијата е пишувана од 1937-ма до 1949-та, и до денес има продадено над 150 милиони примероци, ова е тираж само од книгите, без останатите математики.