Господар на прстените на Амазон башка од Господар на прстените на Питер Џексон

Ликовите и локациите од книгата на Толкин ќе може да бидат дел од серијата на Амазон, меѓутоа приказната нема да смее ни ишарет да пушти кон она што се случуваше во трилогијата филмови.

Моргот Бауглир

Експертот на тема Толкин, Том Шипиј, кој е ангажиран како супервизор на серијата, објаснува дека наследниците на Толкин „одбиле да дозволат дејството на серијата да се случува во кој било период освен во Втората доба на Средна земја“. Ова значи дека адаптацијата на Амазон воопшто нема да се поклопи со настаните од Третата доба, кои беа прикажани во Господар на прстените трилогијата на Питер Џексон.

Втората доба е најдолгата и трае 3.441 година. Почнува по прогонот на мрачниот господар Моргот, а завршува со поразот на Саурон, слугата на Моргот и главен негативец во Господар на прстените, од сојузот на виленици и луѓе.

Шипиј објаснува дека овој период му дава прилично голема слобода на Амазон во составување на приказната бидејќи Толкин ја нема толку детално обработено Втората доба. И покрај тоа, тие нема да смеат „да ја изменат главната форма на Втората доба“.

За серијата на Амазон му е дозволено да воведува нови ликови, да става под знак прашање работи што се случиле и судбината на некои ликови што не е спомената, но овие ставки нема да смеат да се контрадикторни на она што Толкин го има напишано.

За правата на делото Амазон плати 250 милиони долари а уште 1 милијарда долари ќе плати на адаптација на серијата. Иако не е официјално потврдено, според Шипиј се работи на 22 епизоди.

 

12 август 2019 - 12:42