Телевизиската адаптација ќе раскажува приказни од периодот пред Дружината на прстенот, првиот дел од Господар на прстените трилогијата на Питер Џексон.
Соработката меѓу Амазон и Толкин трустот следува како дел од обидите на Амазон да најде и создаде приказна која ќе биде конкурент на Игра на тронови на ХБО, и да воспостави барем една голема франшиза по серијата неуспешни проекти за Амазон прајм. Според Дедлајн барањето за создавање конкурент на Игра на тронови доаѓа директно од првиот човек на Амазон, Џеф Безос.
Толкин трустот истовремено разговараше со Амазон, Нетфликс и ХБО, а цената само за правата наводно била меѓу 200 и 250 милиони. Оваа сума е само за Амазон да добие дозвола да ги обработува делата на Толкин, пред воопшто да се направи што било од продукцијата.
Очекувањата се дека буџетот за ваква серија би бил меѓу 100 и 150 милиони долари по сезона.
Ова е најголемата инвестиција на Амазон до сега, надминувајќи ги 80-те милиони долари што Вуди Ален ги доби за серија од 6 епизоди.
Само трилогијата Господар на прстените на Питер Џексон му заработи речиси 6 милијарди долари, и 17 Оскари, меѓу кои и за најдобар филм.