Ургенциите во Москва се случуваат паралелно со најавената средба меѓу министрите за надворешни работи на Индија и Кина, кои треба директно да поразговараат за инцидентот во кој загинаа 20 индиски и непознат број на кинески војници. Инцидентот и случувањата по него (наводно Кина имала заробено и 10 иднски војници), се случуваат во време на растечки национализам кој е константно подгреван од регионалните амбиции на владите на двете држави.
Додека домаќин на виртуелната средба меѓу кинескиот и индискиот министер ќе биде Сергеј Лавров, во исто време рускиот министер за одбрана, Шојгу, во Москва ќе се сретне со својот индиски колега.
Колегата на Шојгу од Индија сака да се осигура дека испораката на муниција и резервни делови од Русија, која е една од главните снабдувачи на индиската армија, непречено ќе продолжи и во иднина, и да проба да истурка предвремена испорака на С-400 ракетниот систем, кој по договор требаше да биде готов во декември 2021. Згора на ова се очекува и дека Индија ќе нарача СУ-30 и МИГ-29 воени авиони.
Инаку, на воената парада во Москва, закажана за во среда, ќе маршираат и индиски и кинески војници.