Зборувајќи за најавената книга „Too Much and Never Enough: How My Family Created the World's Most Dangerous Man“, Доналд соопштува една пикантерија од односите во семејството Трамп според која на Мери „не и е дозволено да напише книга“ затоа што кога тој потпишал спогодба околу еден судски спор со Мери и нејзиниот брат, Фред, во 2001, таа потпишала и договор за таинственост во кој се наведува дека:
„На неа не и е дозволено ништо да објавува во врска со судскиот спор или нејзиниот однос со Доналд, Мериен и Роберт (другиот брат и сестрата на таткото на Мери).“
Инаку Мери се верува дека е тајниот извор за пулицеровската репортажа на Њујорк тајмс, во која за прв пат беа објавени детали од даночните пријави на Трамп, веројатно најтаинствениот документ по кој трага американската јавност и кој треба на виделина да извади точни финансиски податоци за богатството и бизнис зделките на американскиот претседател.