
Луѓе од њујоршкиот центар за крв и од Универзитетот Рокфелер испитувале 370 примероци на крвна плазма на пациенти кои се опоравиле од ковид-19. Ги интересирале и количините на произведените анти-тела но и нивната ефикасност да го неутрализираат вирусот, што го правеле со тестирање на лабораториски примероци на короната.
Ова се наодите до кои дошле:
- 88% од заболените имаат произведено различни нивоа на анти-тела,
но:
- Само 10% од нив имале високи нивоа способни да го неутрализираат вирусот,
а од другата страна на приказната:
- 17% од плазмата со анти-тела воопшто не реагирала на инфекцијата.
Со оглед на тоа што сите примероци на плазма доаѓаат од луѓе кои ја победиле болеста, ваквите резултати сугерираат дека постојат различни начини на кои нашето тело со бори со вирусот. Во некои случаи првенствено се потпира на своите анти-тела, но во други наоѓа некаков друг механизам да се справи со непријателот.