
Ставот на ФБИ е дека „не е извршено никакво сојузно кривично дело“, па нема да има ни обвиненија во врска со инцидентот.
„Извештајот на ФБИ заклучува, а фотографските докази потврдуваат, дека јажето за влечење на вратат на гаражата наместено во форма на бесилка се наоѓа таму уште од минатата есен.
Тоа е очигледно многу пред тимот 43 да влезе и да ја добие таа гаража,“ порачуваат од НАСКАР.
Од НАСКАР изјавија и дека „се благодарни што не станува збор за намерен, расистички акт против Баба“.
Волис кој е единствениот црнец возач во НАСКАР со полно работно време, успешно ја истера кампањата за забрана за веење на знамето на Конфедерацијата за време на трките. Ваквата кампања на Волис не беше добредојдена од дел од фановите на НАСКАР, кои викендов за време на трката и понатаму вееја знамиња на конфедерацијата.
Во понеделникот возачите на НАСКАР во знак на поддршка пешки се наредија и парадираа зад возилото на Волис.