
Гласањето за уставните промени од 25 јуни до 1 јули, првично требаше да почне на 22 април, ама се откажа заради пандемијата на ковид-19. Денес, пред почетокот на гласањето Русија има над 600.000 заболени.
Освен досегашните аксесоари (гласачко ливче и пенкало) за секој од 110-те милиони гласачи во Русија е обезбеден и гел за дезинфицирање и маски. Гласањето ќе се одвива низ 10 временски зони.
Процената на експертите е дека „претседателот не успеа да најде наследник, па се назначи самиот себе си“.
Ставот на Путин е дека тој стравува дека целиот државен механизам ќе почне да трокира и ќе запре заради шпекулациите околу негов потенцијален наследник, па за да не се случи ова тој си дава на себе продолжен рок за да ја комплетира потрагата по наследник.
„Мора да се работи, не да се бараат наследници,“ порачува рускиот претседател.
Освен можноста Путин да се кандидира уште 2 пати по 6 години, уставните промени опфаќаат и:
- Национален закон, кој предвидува дека рускиот Устав е над меѓународните договори и слични акти (ова главно за избегнување на обврски пред меѓународни судови)
- Хетеросексуален брак, со што бракот се дефинира како заедница меѓу маж и жена.
- Верба во Господ да биде додадена во Уставот.
- Засилување на власта на Кремљ врз регионалните и локалните власти.
- Економски реформи кои опфаќаат и економски гаранции за прилагодување на пензиите на растот на инфлацијата и гарантирана минимална плата.
- Забрана за подарување руски територии на други држави што главно се однесува на Крим кој советските власти на времето и го имаа подарено на Украина.