Новиот колајдер ќе има обем од 100 километри, претходниот беше само 27, и повторно ќе го градат во Швајцарија само овој пат тој ќе ја опфаќа речиси цела Женева и пошироко.
Претходниот колајдер ги „лупаше“ честичките со 16 тераелектрон волти (ТеВ) енергија, додека новиот ова ќе го прави со 100 ТеВ, и сето тоа со цел да се создадат уште повеќе Хигс Босон честички.
Надежта е дека оваа „фабрика на честички“ ќе биде клучна од помош на физичарите да откријат повеќе околу темната материја и „останати мистерии околу стандардниот модел на физика“.
„Ваква машина ќе произведе изобилие на Хигс Босон честички во многу чиста средина, што ќе даде драматичен напредок во мапирањето на разноликите интеракции што Хигс Босон ги имаат со другите честички и ќе дозволи мерки со екстремно висока прецизност,“ стои во соопштението од ЦЕРН.
Планот е новиот колајдер да почне да се гради во 2038, до кога од ЦЕРН и се надеваат дека ќе ги соберат неопходните средства.