БЛМ: Треба да падне и белиот Исус

Активистот Шаун Кинг, еден од највлијателните лица во движењето Блек Лајвс Метер, даде „зелено светло“ за рушење на статуи на Исус Христос со објаснување дека начинот на кој тој е претставен е дел од идеологијата на белата супремација.

„Да, мислам дека статуите на оној бел, европеизиран Исус треба да бидат срушени. Тоа е и отсекогаш била форма на белата надмоќ,“ напиша Кинг.

Како аргумент на своето гледање на работите тој потсети дека кога семејството на Исус требало да се крие и да се вклопи во околината, тоа не го направило во Данска туку во Египет.

„Рушете ги!“ повика тој, мислејќи не само на статуите туку и на витражните стакла и другите форми на христијанската иконографија во која Исус е претставен така како што е претставен.

Тој ја сподели и сликата на темномурест Исус која се појави во 2002 година во магазинот Популарна механика, за која се верува дека е неговиот најприближен одраз и рече дека оние белци кои го спроведувале ропството не би се помириле дека овој човек е во центарот на нивната религија.

Кога адвокатката на Трамп, Џена Алис, после ова твитна дека не би била изненадена ако пробаат да го укинат и христијанството, Шаун Кинг рече дека таа не ја брани верата туку својата „белина“.

23 јуни 2020 - 09:22