Вести

Враќање на Гестапо

Германија ја урива бариерата меѓу полицијата и тајните служби, поставена после ерата на Хитлер. Германскиот кабинет одобри пакет нацрт-закони од 700 страници со кои масовно се прошируваат овластувањата на нејзините домашни и странски разузнавачки агенции. „Ги претвораме нашите разузнавачки служби во вистински тајни служби“, гордо рече за реформата сојузниот министер за внатрешни работи Александар Добриндт.

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Речник

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Имунитет за деца само од играње во зеленило

Децата кои наместо на бетон играат во зеленило, шуми, тревници, грмушки, во рок од само еден месец имале подобрување на имунитетниот систем.

Ставање крај на коронавирусот преку групен имунитет е „опасна заблуда“

Стратегијата за борба против ковид-19 која се базира на имунитет на стадо е „опасна заблуда која не е поддржана од научни докази“, се наведува во предупредувачкото писмо потпишано од 80 меѓународни научници.

Сите страдаат, освен Кина

Кинеската економија не само што се операви од кризата предизвикана од пандемијата туку и импресивно расте а во земјата нагрнуваат странски инвеститори. Во таква економска релаксираност, кинескиот врв може да си дозволи да најави нови економски концепти за уште побрз развој. 

Шпиони оставени на чистина

Британските шпиони се пожалија дека тешко се обавува нивната работа во услови на ковид пандемија бидејќи не е лесно незабалежано да следиш човек на полупразни улици.

Фејсбук и Твитер цензурираа текст на Њујорк Пост против Бајден

Њујорк Пост објавува сторија за Џо Бајден дека во 2015 (додека се уште беше потпретседател) се сретнал со сопственикот на украинската нафтена компанија за која работи син му, а неколку месеци подоцна извршил притисок врз украинските власти да го отпуштат обвинителот кој започнал истрага околу компанијата. Според Фејсбук и Твитер оваа вест не е според нивни стандарди и не дозволуваат објавување на линк до веста.

Макрон повторно го враќа Париз под вонредна состојба

Жителите на Париз и уште осум други градови ќе мора да седат дома секој ден во следните 4 недели од 21:00 до 6:00 наутро, откако само денес во Франција беа потврдени 22.951 нов случај на ковид-19.

Трупови по математика се цареви за лажни вести

Тој што е слаб со бројки е поподложен на дезинформации и лажни вести поврзани со актуелната здравствена криза. А старите, иако ги мислиме завеани, се држат сосема добро.

Фатил корона два пати, вториот пат било бетер

Се надеваме дека во некој момент ќе бидеме имунизирани, природно или со вакцина. Па дека така имунизирани нема да можеме да закачиме ковид или поскромно, дека дури и да закачиме, тоа ќе го минеме со многу поблаги симптоми и штети. Ама сега има нова непозната во равенката. 

Во Велес почна сезоната на американски претседателски избори

Овие што ги пазат американските избори дошле до податоци дека велешката штампарија за сајтови пак се залауфала и пак штанца сајтови и вести за Трамп и Републиканците.

Колку чини по глас за да станеш претседател на САД?

Трамп и Бајден до сега имаат потрошено по 350 милиони долари на своите претседателски кампањи, само што процената е дека целата работа не се сведува на трка кој повеќе пари ќе фрли на избори.

Вест: Излезе нов Ајфон. Добра вест: Не е ништо посебно.

Има три камери како и претходниот, и по форма овој пат е речиси идентично коцкаст како Ајфон 4-ка и 5-ка од 2011/12 кои нели до сега нè научија дека е грдотија. А имаат поработено и на екологија, на ваша сметка.

Проаѓа ли човештото низ брза еволуција?

Сè повеќе деца се раѓаат без умници. Сè повеќе луѓе имаат артерија на подлактицата. Или дополнителни коски во екстремитетите.

Синови ги заменуваат своите татковци во Авганистан

„Се борев во Авганистан за мојот син да не мора да ја бие истата битка“, велат американски воени ветерани. Откако стана реалност нивните синови да ги заменуваат во истите касарни во кои тие своевремено служеле, им останува да се надеваат за внуците.

Илузија на нормалност

Во сето тоа бирократско вагање на безбедноста на граѓаните и неопходноста стопанството на земјата да продолжи да работи, британската влада дојде до решение од типот подземната железница да продолжи да работи и во зима, ама со отворени прозорци.

Дали Кина е државното уредување од иднината?

Постојат проценки дека веќе во 2030 година Кина ќе ја комплетира својата глобална доминација. Хронично слабата ЕУ и акутно хаотичните САД само го расчистуваат тој пат. Леле бе кој ќе ги гледа домашниве бројлери како се колнат дека друг пат освен кинескиот немаме?

Карантинот е ужасен експеримент а товарот го носи работничката класа

Харвардскиот епидемиолог Мартин Кулдорф за декларацијата од Грејт Барингтон и за тоа како карантинот е штетен за јавното здравје.

Руски училишни тестови: Киднапирање

Училиште во Сибир од чиста мира (барем за учениците и јавноста) решава да почне општа симулација на упад во училиштето на вооружена група и земање заложници од учениците.

Америка почна да размислува за пучеви

Поединечен е случајот но во каква калакурница е светов, нема да чуди ако некој ден навистина пренесеме вест дека „ноќва е срушена демократски избраната власт на САД и воспоставена е привремена револуционерна управа која ветува дека по брза постапка ќе се справи со ненародниот режим“.

Доналд Трамп буквално го спаси христијанството

Иако звучи како нешто што би го кажал Доналд Трамп, овој пат не е така. Ова се зборовите на син му на Доналд, Ерик, тој што го водат како помалку бистар од двата возрасни синови на американскиот претседател.

Сквер само што купи 50 милиони долари во биткоин

Компанијата за финансиски услуги основана од првиот човек на Твитер, објави дека купила 4.709 биткоини со вкупна цена од 50 милиони долари. Инвестицијата изнесува речиси 1% од поседот на компанијата.

Кој слушал, знае

Озлогласената „Бејби шарк“ (ду, дуу, ду, ду, дуу) го доби своето заслужено место во историјата и од пред некој ден е прогласена за - алатка за тортура.

Зошто Холивуд ги пушти кината низ вода

Цела година Холивуд ја пролонгира премиерата на своите најголеми блокбастери за 2020, филмови како Црната вдовица на Марвел, Вондер воман и Бетмен, кои стандардно заработуваат по 1 милијарда долари на кино благајните. Единствен исклучок беше Бонд на студиото МГМ, кое им вети на кино-операторите дека во ноември ќе има премиера. Минатата недела и МГМ откажа.

Трамп одби да учествува на виртуелна дебата со Бајден

„Нема да си го трошам времето“ е инстантната порака на Трамп на предлогот на организаторот, дебатата на 15 октомври да се одржи виртуелно заради страв од ковид-19.

Рециклирање, голема лага за да се продава повеќе пластика

Западот со децении го дели своето ѓубре верувајќи дека тоа ќе се рециклира, меѓутоа вистината е дека најголемото мнозинство од пластиката што се користи нема да се рециклира. Во изминатите 6 децении рециклирани се помалку од 10% од пластичниот отпад.