
Целта на промајата во британскиот метро систем е за вагоните да бидат „ковид-отпорни“ и за „патниците да бидат полагодни при ризикувањето на сопственото здравје“.
Дел од неопходноста на ваквите мерки е затоа што центарот на Лондон, како за домување, така и за шопинг, е речиси пустелија без редовната наезда на народ кој до таму главно стига со лондонскиот метро систем. Немањето народ, веднаш се одрази на цените на тамошните недвижности и општо на бизнисите што функционираат таму.
Како не би се прекинал „крвотокот на Лондон“ директорот на бордот за Стандарди и безбедност на железницата, Али Чегини, им порача на сограѓаните дека студот е за нивно добро:
„Иако е ладно, иако ќе треба да се завиткате и да облечете волнени чорапи, подобро е прозорците да останат отворени отколку да бидете изложени на ризик од заразување.“
Заради правилата за социјално дистанцирање, максималниот капацитет на возовите во Британија е намален меѓу 45 и 50 проценти, што се проценува дека предизвикува загуби од околу 700 милиони фунти месечно.
Околу опцијата за вклучување на клима во вагоните, експертите и претходно препорачаа секогаш кога е возможно да се користи прозор, бидејќи климите знаат и да го извртат истиот заразен воздух низ просториите.